Синоќа жителите на Ростуше доживеаја голем шок кога во селото ненадејно се појави голема мечка.
Мечката се појавила на паркинг простор меѓу возилата, прошетала низ селото и предизвикала вознемиреност кај мештаните.
Кучињата во околните дворови почнале силно да лаат, што дополнително ја зголемило тензијата.
Мештаните успеале да ја снимат мечката и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Според првичните информации, мечката подоцна самостојно се повлекла и се упатила назад кон шумата.
Нема информации дека некој бил повреден во инцидентот.