Хроника

Од удар на гром усмртени 95 овци под Солунска Глава

Сопственикот со останатиот дел од стадото од околу 1.200 овци во тој момент не биле на местото кадешто удрил громот

Во невремето што го зафати велешко на 2 септември попладнето од удар на гром под врвот Солунска Глава на планината Јакупица биле усмртени 95 овци на сточар од Горно Јаболчиште, Општина Чашка, потврди Секретаријатот за внатрешни работи од Велес.

Истиот ден околу 19:30 часот во СВР Велес е пријавен настанот што се случил 500 метри под Солунска Глава, во кој настрадале овците од стадото на 37-годишниот Тасин Усеинов од околу 1.200 грла. Тој и останатиот дел од стадото во тој момент не биле на местото кадешто удрил громот.

Сопственикот на угинатите овци за случајот известил инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство, кој извршил увид заедно со екипа на СВР Велес.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top