Хроника

Огромен број граѓани го испратиле врвниот македонски лекар и интелектуалец во вечноста

Јаневски останува симбол за македонската абдоменалната хирургија и медицинската едукација во земјата

Огромен број граѓани на градските гробишта во Бутел денеска го испратиле Проф. Д-р Владо Јаневски, врвен интелектуалец, хирург и универзитетски професор, кој почина вчера на 71-годишна возраст по повеќегодишно боледување.

Меѓу тие што му упатиле лично последен поздрав биле припадници на академската заедница, медицински авторитети, премиерот Христијан Мицкоски и членови на владата и огромен број други пријатели и почитувачи на делото на Јаневски.

Јаневски беше сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска, а веста јавноста ја дочека не само како семејна загуба, туку и како заминување на лекар чие име останува симбол за македонската абдоменалната хирургија и медицинската едукација во земјата.

Во објавите за неговата смрт се наведува дека Јаневски оставил значаен придонес во областа на хирургијата и во образувањето на нови генерации лекари, пренесувајќи знаење и искуство на кадри што денес работат и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и во приватните здравствени установи.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top