Хроника

ОЈО бара притвор за вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 500 евра

Притворот се бара поради опасност од бегство и повторување на делото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп во износ од 32.000 денари.

Јавниот обвинител веќе доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор, а против осомничениот е отворена истрага за кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот работел во Одделението за издавање урбанистички согласности и бил овластен да потпишува, дава мислења и издава согласности за просторни и урбанистички планови, проекти, како и елаборати од областа на заштитата и спасувањето.

Според Обвинителството, тој директно побарал и примил 32.000 денари за да даде согласност на елаборат кој не ги исполнувал основните услови за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи.

Притворот е побаран поради опасност од бегство, можност за повторување на делото и ризик дека осомничениот би можел да влијае врз сведоци.

За случајот вчера информираше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ја поздрави акцијата на МВР и Обвинителството.

Тој соопшти дека пред неколку дена граѓанин му посочил оти советник за урбанистичко планирање при ДЗС побарал 500 евра за позитивно мислење потребно за изградба на објект. Директорот го упатил граѓанинот веднаш да го пријави случајот во Одделот за организиран криминал при МВР.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

To top