Хроника

Опожарено возило со косовски таблички во Скопје

Нема повредени, огнот локализиран од соседи

Патничко возило „Фолксваген Кеди“ со косовски национални ознаки било опожарено рано утринава на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, случајот бил пријавен денеска (31 јули 2026 година) околу 01:00 часот во СВР Скопје. Возилото е сопственост на правно лице од Косово.

Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран од соседи пред да се прошири.

Полициски екипи извршиле увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top