Хроника

Оваа ноќ не била негов ден: Возач од Кочани со 2,91 промили алкохол во крвта

Гевгеличанец управувал возило и без возачка дозвола, и со истечена регистрација

Од 11 лица лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол на ниво на државата од синоќа до рано изутринава се издвојуваат двајца возачи од Кочани, едниот со 2,91 промил алкохол во крвта, а другиот со 1,83.

Обајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Други деветмина од Тетово, Кавадарци, Скопје, Дојран, Гевгелија и Струга се лишени од слобода поради управување возило без возачка дозвола, а гевгеличанецот го управувал возилото и по истекот на важноста на регистрацијата.

 

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top