Хроника

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип

Пресуда

Турските државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд добија по пет години казна затвор, бидејќи во мај 2025 година му помогнале на Кадир Кара во извршување на убиство, кое се случи во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Судечкиот судија во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова денеска ја објави пресудата за четворица обвинати за помагање во извршување на убиство.

-Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан Кулдур како помагачи за сторено кривично дело убиство на казна затвор од по 5 години. Во изречената казна затвор на обвинетите, сите од Турција им се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 5 мај 2025, па се додека притворот трае. Судот им изрекува и казна протерување странец од земјата, кое ќе трае засекогаш, кое започнува од денот на протерување на сторителот од територија на Македонија, а казната ќе се изврши по издржување на изречените казна затвор во траење од по 5 години-рече Недкова при изрекувањето на пресудата во Основниот суд во Штип.

Четвртообвинетата доби три месеци казна затвор, бидејќи била во притвор, а потоа и во куќен притвор, со што ја има издржано казната.

Инаку, убиствот се случи во кафуле во Штип, а убиецот Кадир Кара, кој призна вина е осуден на затворска казна од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

Полицајците двапати го апселе кавадарчанецот К.М. (34) во еден ден, откако бил фатен без возачка дозвола!

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит.

To top