Хроника

Почина легендарниот одбојкар Владимир Ѓорчески – Ципа

Тажна вест ја потресе македонската одбојка и македонскиот спорт воопшто.

Македонскиот спорт претрпе голема загуба. На 66-годишна возраст почина Владимир Ѓорчески – Ципа, еден од најистакнатите македонски одбојкари во историјата и татко на најдобрaта македонска тенисерка Лина Ѓорческа.

Ѓорчески е роден во 1960 година. Одбојкарската кариера ја започна во тетовскиот Југохром, каде помина две сезони. Брзо беше запаметен како играч со голем потенцијал, па следуваа пет години во Работнички и пет години во Вардар.

На врвот од кариерата, тој ја продолжи кариерата во странство, каде настапуваше за европските гиганти – шпанската Барселона и грчкиот Арис од Солун. Кариерата ја заврши повторно во македонските клубови Вардар и Југохром.

За репрезентацијата на Југославија одигра 48 натпревари, а по осамостојувањето на Македонија пет години беше дел од националниот тим, при што беше и нејзин прв капитен.

Со своите квалитети, професионализам и посветеност, Владимир Ѓорчески – Ципа остави траен печат во македонската одбојка и се вбројува меѓу најзначајните фигури во историјата на овој спорт во земјава.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top