По победата од 3:1 над Луксембург во Струмица, машката одбојкарска репрезентација на Македонија го прокнижи и вториот триумф едноподруго во Европската лига, совладувајќи го Исланд со 3:0 на турнирот во Атина.
Избраниците на селекторот Јошко Миленковски ги добија сетовите со 25-21, 25-23 и 25-19, за што им беа потребни 82 минути.
Капитенот Никола Ѓорѓиев и овојпат беше најдобар на теренот со 24 поени, а во македонскиот тим го следеше Лука Костиќ со 10.
По три одиграни кола „црвено-жолтите“ со 6 бода се на делба од 10 до 18 место на вкупната табела со 27 селекции.
Утре од 18 часот Македонија ќе му излезе на мегдан на домаќинот Грција.