Македонија

Магла на Стража :Македонија пат со апел до возачите

Апелот е упатен до сите учесници во сообраќајот

Сите државни патишта се проодни и сообраќајот се одвива непречено, но по претежно влажни коловози.

Поради густа магла, видливоста на планинскиот превој Стража е намалена на околу 100 метри, соопштија од Јавното претпријатие „Македонијапат“.

Од претпријатието дополнително предупредуваат дека на одделни патни правци што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на поситни одрони.

Возачите се повикуваат да управуваат внимателно, строго да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на постојните услови на патот.

Најнови вести од: Македонија

Што точно содржат мерките: Стан поевтин за 20%, ослободување од комуналии за изградба на куќа и поддршка за студентите

Со новиот модел, поддршката за студентите нема да се ограничи само на усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата и трошоците за живот, туку ќе се прошири со дополнителни поволности кои ќе им помогнат да ги намалат секојдневните трошоци до 20 проценти.

Националниот портал треба да добие нови услуги од МВР и од Фондот за здравство

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги на националниот портал.

Филипче го праша ЕУ-амбасадорот Рокас: Дали СДСМ се предавници?! Има ли предавство зад уставните измени, или нема?!

Претседателот на СДС Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции, упати прашање до евроамбасадорот Михалис Рокас, дали уставните измени навистина претставуваат предавство или е, наводно, „лажна пропаганда со која Мицкоски и ВМРО со години ги манипулираат и лажат граѓаните и ја држат државата во изолација“.

Основањето огранок на МНЛД на 23.11.1903 во Софија – силен изблик на македонската идентитетска самобитност во срцето на бугарската држава! (1)

На денешен ден, на 23 ноември 1903 година десеттина македонски интелектуалци и револуционери, предводени од Крсте Мисирков и неговите најблиски соработници Стефан Дедов, Јован Ангелов и Димитар Мирасчиев, го создаваат во Софија огранокот на Македонското научно-литературно другарство од Санкт Петербург, Русија. Само по два дена бугарската полиција брутално го растура огранокот: ноќта на 25 ноември ги уапсила членовите. Мисирков, испретепан, морал да бега во Русија. Без оглед што тој огранок траел само два дена, ова е особено значаен датум во македонската национална, политичка и културна историја. Тој ден пред 123 години во срцето на бугарската држава, која го негирала самото постоење на македонскиот народ со неговиот идентитет и јазик,  се случил силен изблик и проблесок на македонската национална, идентитетска, јазична и историска посебност и самобитност! Основајќи го софискиот огранок на МНЛД во Софија, Мисирков и македонските интелектуалци околу него им испратиле индиректна и моќна порака на тогашните бугарски властодршци и политички кругови: ние сме Македонци, а не Бугари, и дејствуваме според своја македонска политичка волја во средиштето на вашата држава! Тоа била порака и за Грците и Србите дека Македонците се Македонци и ништо друго.

Силјановска Давкова: Не е искрен секој, што тврди дека се работи само за уставни измени! – Соседите да не ни ја одложуваат ЕУ-перспективата на неодредено!

Недоволна предвидливост на понатамошниот процес на пристапување и на нашиот пат кон ЕУ, недоволно јасна граница меѓу критериумите за членство и билатералните политички прашања, како и отсуство на доволно институционални гаранции дека исполнувањето на договорените услови ќе овозможи реален напредок во преговорите и во самиот процес – се дел од димензиите важни за напредокот на […]

To top