Хроника

Полицијата почна со апсење, приведени две лица

Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за безбедност во природа за да не се доведуваат во ризик луѓе и имот.

Синоќа околу 19 часот кавадаречката полиција приведе две лица – З.К. (33) од Бегниште и И.И. (19) од Кавадарци – под сомнение дека намерно предизвикале пожар во атарот на селото Куманичево, во месноста „Блато“ кај Тиквешко Езеро.

Запалена била сува трева, трње и нискостеблеста шума, а за гаснење на пожарот морало да бидат вклучени авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, возила на интервентивната бригада при ДЗС и пожарникарите од Кавадарци.

Среќа во несреќа е што нема повредени лица, а пламените јазици биле навремено ставени под контрола.

Увид извршила екипа на ОВР Кавадарци, а истрагата продолжува. Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за безбедност во природа за да не се доведуваат во ризик луѓе и имот.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top