Хроника

Полициска акција во источна Македонија: уапсени три лица

Најдени марихуана, грутчеста материја и предмети за подготовка

На 11 октомври полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, заедно со екипи од полициските станици во Пробиштип, Берово, Делчево и Виница, ги лишија од слобода три лица – М.А. (34) и К.А. (30) од Злетово, како и К.Т. (23) од Пробиштип.

При претрес на домот на М.А. во Злетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени грутчеста материја и дробилка.

Во домот на К.Т. во Пробиштип, исто така со судска наредба, била пронајдена марихуана.

Во домот на К.А. во Злетово, каде што претресот бил извршен со судска наредба во негово отсуство, но во присуство на неговите родители, биле пронајдени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од канабис, две дигитални ваги, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети со траги од оваа супстанција.

Додека траел претресот, К.А. со возило пристигнал пред дворот на домот, по што бил лишен од слобода.

Против тројцата е поднесена кривична пријава според член 215 од Кривичниот законик. На К.А. му е определен притвор во траење од 30 дена, по одлука на судија на претходна постапка, и тој е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top