Хроника

Приведени три лица од Грчец за насилство врз мажот што го оставиле во Шишево

Тројцата со возила го запреле автомобилот на оштетениот во Карпош и едниот од нив му нанел тешки телесни повреди

Случајот со натепаниот маж од скопско село, кој напаѓачите потоа го ставиле во возило и го оставиле во Шишево, е решен со приведување три лица ос Грчец, против кои ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

„На 13.06.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Б. (45), М.Б. (36) и Б.Б. (34), тројцата од с. Грчец, општина Сарај.  Имено, на 12.06.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, Д.Е. (36) од с. Семениште, скопско, пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, тројцата со патнички возила „хјунади“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“ го пресретнале и запреле неговото патничко возило „мерцедес“, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Според пријавеното, после тоа го ставиле во едно од возилата и го однеле најпрво на автоплац во Карпош, а потоа го оставиле во село Шишево, скопско.

По преземени мерки тие се пронајдени и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top