Хроника

Радикални имами, киднапирања и врски со странски борци – АНБ: Исламско радикалниот елемент е одлика на групата

Попpeчена активност на криминално верско радикална групација

Агенцијата за национална безбедност во координација со Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 28.09.2026 година презеде мерки за сузбивање активности на издиференцирани безбедносно интересни лица кои се осомничени за сторено кривично дело по Член „394-б“ од КЗ Тероризам и Член „396“ од КЗ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Во рамките на оперативната акцијата од слобода се лишени вкупно пет лица, притоа извршен е претрес на повеќе локации на подрачјето на Скопје, и тоа во с.Сингелиќ, Чаир и с.Брест, при што пронајдени и одземени се количества на нелегално оружје, пиштоли, автоматски пушки, муниција, тактички елеци и останата опрема, пропаганден материјал од меѓународната терористичката организација „Исламска држава“, компјутерски единици за „копање“ криптовалути, како и останата документација.

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

 

Станува збор за верско радикална групација надоврзана на транснационални криминални организации која се поврзува со дела на насилство, изнуда, киднапирање, лихварство, недозволена трговија на наркотици, трговија со оружје, и останати криминогени активности. Исламско радикалниот елемент е одлика која е взаемна кај повеќето членови на групата, имено истите се идеолошки следбеници на радикални имами кои се поддржувачи и прокламатори на меѓународни терористички организации. Воедно, дел од уапсените се во блиски релации со странски терористички борци од земјава и регионот.

Индоктринирањето на млади лица од страна на истакнатите членови на групата е модус операнди кој континуирано се применува. Верските објекти каде се практикува радикалниот ислам и онлајн радикализацијата претставуваат иницијални тригери за регрутација на младите, кои подоцна се интегрираат во дадени криминогени активности на групацијата, се вели во соопштението на АНБ.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

To top