Хроника

Седум ипол години затвор за жената која ги уби своите сопруг и свекор

Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина

Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан.

Јавниот обвинител Газменд Мехмеди рече дека по изготвеното „психијатриско вештачење во однос на психичката состојба на обвинетата, таа дејствувала во состојба на силна и интензивна, нагласена раздразливост без своја вина на која и претходел напад на сега починатиот сопруг, и поради стравот за нејзиниот интегритет и сопствената безбедност, како и силен интензивен афект кои доминирале врз нејзиниот психички апарат, обвинетата била доведена во состојба на експресија и манифестирање на импулсивно агресивно празнење“.

Одбраната на Илијевска побара пауза по што денешното судење продолжи. Судијата Саша Ѓорѓевиќ ја поучи обвинетата дека може да се брани со молчење и нагласи дека ако ја признае вината за двете дела, ќе следи затвроска казна и дека тогаш обжалувањето може да биде само за суштинска прашања, евентуално за висината на казната. Тој кажа дека ќе мора да ги плати и трошоците за обдукција, за психијатриско вештаче и побарувањата на семејството на сега починатите, сопруг и свекор.

Обвинетата Вангелица Илијевска го призна делото, кажувајќи дека дејствувала во афект, дека жали за сторените кривични дела.

На судењето и обвинителството и одбраната имаа завршни зборови како и застапникот на оштетените, починатите сопруг и свекор. Обвинителството побара судот да ги земе прдвиди и олеснителните и отежителните околности, одбраната, адвокатот Христијан Георггиевски побара судот да земе предвид дека обвинетата била 15 години жртва на семејно насилство за што во постапката биле доставени докази од релевантни институции, полицијата, центар за социјални работи … дека таа е мајка на две малолетни деца и досега не била осудувана.

Судскиот совет донесе пресуда од седум и пол години затворска казна, сметајќи го и времето на обвинетата поминато во куќен притвор, нагласувајќи дека притворот ќе продолжи притворот сè до правосилноста на одлуката. Судијата Ѓорѓевиќ потенцираше дека судењето траело долго за да бидат опфатени сите докази.

– Моето искуство при делење на правда и конкретниот случај, знам дека од вакви пресуди никој не е задоволен. Во овој случај е илузорно такво нешто да очекуваме. Се надевам дека ако еднакво бидете незадоволно, тогаш тоа е правда, рече меѓу другото судијата.

Тој рече дека не смее во моментов во државата има бројни случаи на семејно насилство, дека жената секогаш треба да биде заштитена, а не малтретирана од сопругот, но нагласи дека Илијевска можела и да си замине од домот и да побара помош и од родителите, од институциите, невладините организации. Сепак, нагласи дека таа сигурно не ги планирала дејствијата, дека сепак станува збор за ужасен настан со двајца починати лица. Незадоволство од пресудата во судницата изрази член на семејството Илијевски, но и самата обвинета која плачеше.

Адвокатот Георгиевски рече дека како одбрана веќе две години се обидувале да докажат дека првичното обвинение не е соодветно за што поднеле над 75 материјални и вербални докази.

– На денешната главна расправа на изненадување на одбраната, Обвинителството изврши преквалификација, односно убиствата се извршени во услови на напад, при силна раздразливост и семејно насилство и ја смени нашата стратегија. По консултацијата со обвинетата одлучивме да ги признае двете кривични дела. Судот изрече по четири години и шест месеци, поединечно за секое од двете дела или вкупно седум и пол години. Имам целосна доверба во судскиот систем. Одбраната продолжува да се бори за сите жртви на семејно насилство, вклучително и на Илијевска, рече Георгиевски.

Тој кажа дека негов правен совет е да се обидат да ја намалат казната на пониска висина, но за тоа, рече ќе треба да разговара со Вангелица. Малолетните деца се кај нивен роднина во Кратово, под надзор на центарот за социјални работи Кратово.

Вангелица Илијевска пред две години со нож ги уби и сопругот и свекорот. Обвинителство првично барање да се осуди за „убиство“, одбраната инсистираше дека на убиството му претходела долготрајно психичко и физичко насилство.

Најнови вести од: Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: шестмина повредени, четворица од нив тинејџери

На 03.10.2026 околу 22 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата на ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

Најнови вести

To top