Хроника

Скопјанец се сомнева дека му било саботирано возилото од лица кои претходно му се заканувале

Еден шраф изваден, три олабавени

Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје, П.Б. од Скопје пријавил дека на 27.08.2026, додека патничкото возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата сопруга, било во овластен сервис, од вработените бил известен дека на предно тркало бил изваден еден шраф, додека останатите три биле олабавени, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, можно е настанот да бил поврзан со заканите што ги добивал во последните две години.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top