Хроника

Инсценирале сообраќајка за пари од осигурителна компанија

Четирицикл донеле со приколка, па го превртеле за отштета

На 08.07.2026 во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„135“ и ул.„Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел.

По преземени мерки полициски службеници извршиле проверка на видеозаписите од безбедносните камери на системот „Безбеден град“ при што било констатирано дека четирициклот не учествувал во сообраќајна несреќа, туку бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен и потоа намерно превртен од страна на неколку лица на тротоарот со цел да се фингира сообраќајна незгода. Во координација и по насоки со ОЈО Тетово, четирициклот е одземен со потврда и задржан за понатамошна постапка.

Околу 23:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“. Осомничените се задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи соодветен поднесок.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top