Хроника

Трагедија во Куманово: 13-годишно дете загина во сообраќајна несреќа

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово и увидна екипа од СВР Куманово.

Тринаесетгодишно дете од село Черкези, Кумановско, загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово–Скопје.

Како што соопшти СВР Куманово, несреќата се случила помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ф.С. од Куманово, и електричен тротинет на кој се возело детето.

Малолетникот бил итно пренесен во Општата болница во Куманово, каде лекарите ја констатирале неговата смрт.

Возачот на автомобилот е лишен од слобода.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово и увидна екипа од СВР Куманово.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top