Хроника

Трагичен крај на потрагата по исчезнатиот скопјанец

Телото пронајдено во Охридското Езеро

Трагичен епилог доби потрагата по 31-годишен скопјанец, кој претходно бил пријавен за исчезнат во Охрид.

На 15 септември во 22 часот, по преземени мерки од полициски службеници од Езерската полиција и од СВР Охрид, во водите на Охридското Езеро бил пронајден починат Б.С. (31) од Скопје. Телото било лоцирано во близина на автокампот, на околу 50 метри од копното.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а препознавањето на починатиот го извршил член на неговото семејство.

По насоки на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди околностите и причината за смртта.

Б.С. претходно бил пријавен за исчезнат на 14 септември во 18:10 часот во СВР Охрид. Пријавата ја поднел неговиот татко, З.С. (68) од Скопје, кој посочил дека неговиот син исчезнал додека заедно престојувале во автокамп во Охрид.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top