Хроника

Три пакувања со прашкаста материја пронајдени во Идризово

Случајот пријавен во СВР Скопје

Три пакувања со прашкаста материја биле пронајдени на прозор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, соопшти МВР.

Случајот бил пријавен на 7 октомври во 22:10 часот во СВР Скопје од страна на установата. Според пријавеното, пакувањата претходно ги оставил осуденикот А.Е. (31).

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

To top