Хроника

Вечерва во МНТ: Премиера на еден од најдобрите македонски документарци

На премиерата пред домашната публика, најавено е присуство на целата филмска екипа која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија.

Денеска, во Македонскиот народен театар со почеток во 20:30 часот ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ од режисерката Тамара Котевска.

Филмот, кој е македонски кандидат за наградата Оскар во категоријата најдобар документарен филм, ќе биде прикажан пред домашната публика во присуство на целата филмска екипа. Ова е еден од највисоко ценетите документарни филмови во македонската кинематографија, што го потврдуваат бројните меѓународни награди и признанија.

„Приказната за Силјан“ досега освои значајни награди на фестивали како Венеција, NYDOC, IDA, Spirit Awards и PGA Award, како и Eye Cinema Audience Award. Филмот е откупен од National Geographic, што дополнително ја потврдува неговата глобална релевантност.

Раскажувачката срж на филмот е приказна за издржливост, грижа и мали дела што менуваат животи. Земјоделецот Никола случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос базиран на доверба се претвора во спасоносна врска што му ја враќа смислата на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Премиерата претставува значаен момент за македонската кинематографија и можност домашната публика конечно да го види овој високо ценет филм.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

To top