Хроника

(ВИДЕО) Струшката тајфа на професорот Климе ја продолжува вековната традиција за Водици

Симбол на посветеноста на црковната православна традиција во Струга

Познатиот Стружанец, професор на Факултетот за туризам во Охрид, водечки светски експерт за осигурување Климе Попоски  и годинава со својата тајфа на Водици. Богојавление, традиционално влезе во студената вода во Струга.

Тајфата на професорот Климе со години наназад во многу тешки услови — со снег, мраз, минус температури, па дури и во време на Ковид ја почитува традицијата воспоставена пред векови.

Професорот Климе кој годинава беше придружуван од ќерка му Теона која специјално за оваа прилика се вратила од Германија,  важи за вистинска локална легенда и симбол на посветеноста на црковната православна традиција во Струга.

Годинава во тајфата покрај екс македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митревски кој не пропушта да влезе во студените води на Охридското езеро кај Струга се и Леон Митрески, Марјан Јовановски,  Владо Недески – Шлем и Игор Петрески.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top