Хроника

Во автобус на „Дурмо Турс“ пронајдена муниција

Неофицијално, муницијата му припаѓала на еден од возачите

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ бил запрен на граничниот премин Табановце, откако во него била пронајдена муниција, објави Алсат ТВ. По настанот, Јавно обвинителство потврди дека е поведена истрага против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливост.

Според информациите, мобилни екипи на Царинската управа при контрола на автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони со калибар за лесно и долго оружје. Неофицијално, муницијата му припаѓала на еден од возачите, кој ја криел на посебно место во возилото.

Од обвинителството потврдуваат дека постапката е во тек.

ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица“, соопштија од обвинителството.

Според надлежните, се работи на целосно утврдување на потеклото на муницијата и нејзината намена, како и дали во случајот се вмешани и други лица.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

Кривична пријава за четворицата битолчани, кои му се закануваа на министерот Тошковски, ем и снимајќи ја таа нивна „забава“!

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа” и „поттикнување”.

To top