Хроника

Замина урбаната легенда без која Скопје нема да биде исто

Човек кој беше дел од срцето на Скопје

Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“ и „Фолк“, урбана легенда и култен градски лик.

 

 

 

Лик без кој Скопје нема повеќе да биде исто, човек кој беше дел од срцето на Скопје.

 

Неговите пријатели испраќаат последен поздрав на социјалните мрежи:

Виолета Ѓорѓиевска

Зоки Панкер беше институција сам за себе. „Балет“ под негово менаџирање беше засолниште за алтернативата, за музиката што не се вклопуваше во мејнстримот, за луѓето што Скопје го доживуваа како став, а не како адреса. Во неговиот простор се создаваа пријателства, се раѓаа идеи, се водеше ноќен живот кој имаше душа…. Skopje so dusha, koj znae znae…

Жанета Трајковска

Скопје во кое за среќа растевме, а таму беше Зоки Панкер… За мене Панкер од Ван Гог. ✨️

 

Марина Д.

Во Флок првпат бев со Бојси. Млади новинари од неделникот Старт, после работа на пијачка. Тоа беше мојата прва пијачка со Бојси навечер. 🙂 Влегов во Флок и така некако, не излегов. Немаше веќе дилема каде ќе се оди скоро секоја вечер. А едни ноќи, феноменални! После со Балет, немаше дилема секој петок каде ќе заврши ноќта. Во петок во Балет, во понеделник на работа, со блага зашеметеност. Некогаш во Балет знаевме да одиме и од 20ч, да си поразговараме пред да тргне ноќта. Зоки ни ги знаеше гревовите на сите 🙂 Тоа не беа локали, тоа беа магични места.

Пред 9 години, после мојата прва новогодишна журка во Сеавус, со едно 20тина колеги во 2-3 сабајле отидовме во Балет. Арно ама немавме кеш, само картички, а тоа не проаѓаше. Му викам на Зоки, може ли да пиеме, утре ќе ти донесам пари. Ми се насмевна и ми вика, што ќе пиете – дај 50 текили. Тоа беше мојата последна ноќ во Балет, или веќе утро. Со скоро ист шмек како и претходно, иако веќе сменет народот внатре, малку и музиката.

Зоки, секогаш ќе те спомнуваме!

Божидар Божиновски

 

Починал Зоки Панкер, повеќе од угостител, повеќе од човек кој имаше ноќен клуб. Човек кој сред Скопје создаде мало парче на слобода, кај шо одиш со насмевка, а се враќаш со уште похолема, кај што сѐ е можно и сѐ обично се случува. Од пред короната малку работи ми зафалиле, а најголемата е Балет и како беше. Нек се треси небо таму на Bohemian rhapsody засекогаш.

 

Петар Младеновски

 

25-та доста души однесе ама и 26-кава го следи “трендот” 🙁

Лесна му земја на Зоки Панкер.

Уште една скопска урбана легенда заминува во вечноста.

Слава му и вечни спомени.

Остави траен печат на скопскиот урбан ноќен живот за кој новиве “дечки” само ќе слушаат приказни.

Сочувство до семејството

Миа Костова

„Све поголема е журката таму горе. Крај на една ера. Широко небо Панкер.

 

Балет си беше или нема да влезеш или ќе маваш лустери до 5 сабајле“.

 

 

Маја Платнар

„Си замина Панкер

Симболот на Скопје

 

Човекот што буквално израсна генерации, меѓу нив и мене

Се гордеам на деновите минати во Флок

Сите бевме дел од едно јато, едно прекрасно време

 

Си замина Зоки

Еден од најдобрите луѓе што ги познавав

Прекрасен, мирен, препрепредобар, со разум и широко отворен ум

 

Панкер е вреден за споменик

Вечна ти слава другарчино

 

Танцувај балет на небото

Навистина тажно“.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Започнува постапката за четирите малолетни насилници од Аеродром: побарана забрана да ѝ се доближуваат на 12-годишната жртва

Јавното обвинителство побара да се поведе постапка против две 14-годишни девојчиња и две момчиња, осомничени за насилство, помагање и неовластено снимање на нападот врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром. Станува збор за насилниот инцидент на 30 јуни во скопската населба Аеродром, кога 12-годишното девојче беше физички нападнато, а целиот настан беше снимен со мобилен телефон.

Бомба фрлена кон угостителски објект во тетовското село Добарце – двајца повредени

На 08.07.2026 во 01:20 часот во Полициското одделение Групчин, Д.Ф.(51) од с.Добарце, тетовско пријави дека од патничко возило „цитроен“ во движење е фрлена рачна бомба кон неговиот угостителски објект, лоциран покрај локалниот пат во селото.

Поднесено обвинение за „Еуростандард“ банка од Скопје – намерно е втурната во стечај со долг од 27 милиони евра!

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени со околу 27 милиони евра во денарска противредност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело „Предизвикување стечај на банка“, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

To top