Хроника

Жител на Гајре побарал 100 евра од мајката и од сопругата, па кога не му дале, извадил нож да ги убие

МВР

Жител на тетовско Гајре им побарал 100 евра на мајка му и на сопругата, а откако тие одбиле да му дадат пари, почнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие, соопшти тетовското обвинителство.

За него е поведена истрага и се бара притвор поради кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

На 21 јуни, при вршење семејно насилство, осомничениот сериозно се заканил на неговата мајка и на сопругата, на кои најпрво им побарал 100 евра, а тие одбиле да му дадат пари. Со намера да ги вознемири и да ги заплаши жените, започнал да ја крши покуќнината и со нож им се заканил дека ќе ги убие. Сопругата ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, нанесувајќи и телесни повреди. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштија од ОЈО Тетово.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top