Македонија

Божиќно послание на Архиепископот Охридски и Македонски Стефан: Да се сообразуваме со Христовите заповеди, а не со неправдите и безаконието во светот!

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божиќ, испрати Божиќно послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил, да не се обесхрабруваме, туку да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и безначајно. „ Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди – порачува меѓу другото поглаварот на МПЦ-ОА во Божикното послание.

Мицкоски: „Приказната за Силјан“ допира од Скопје до Лондон и Њујорк

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и ги сподели впечатоци на социјалните мрежи:

To top