Македонија

Жалам но друг јазик немаме – Мицкоски и објасни на Софија дека не прифаќа луди барања

Ако тие мислат дека ќе го испратиме на друг јазик, ние немаме друг јазик согласно Уставот

 

 

Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик.

 

Во изјава за медиумите претседателот на Владата кажа дека се случило тоа за што ги предупредил партнерите во Брисел – „дека и најдобриот Акциски план за малцинствата да го направиме, тој ќе биде одбиен од Бугарија“.

 

Ниту една земја членка нема против, ниту едно малцинство во Македонија нема против, бидејќи имаше јавна дебата. Е, проблем било што бил на македонски јазик. Простете, но мојот мајчин јазик е македонски, официјален јазик за меѓународна употреба е македонскиот, нема друг. Ако некому тоа му пречи, јас тука не можам да помогнам и жалам што тоа е така – рече Мицкоски.

 

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Сопиште, премиерот посочи дека се било направено како што било побарано – прифатени сугестиите на експерт од Италија при изготвување на Планот и било исполнето барањето од Брисел „ден однапред да се прати во Бугарија за да се покаже добра волја“.

 

Така направивме, го дадовме ден однапред. Е, сега, им пречело што е на македонски јазик. Но, тој е официјален јазик според Уставот и јас или министерот не може да го кршиме Уставот. Ако тие мислат дека ќе го испратиме на друг јазик, ние немаме друг јазик согласно Уставот. Тоа е македонскиот јазик. Тие уште еднаш покажуваат дека нема врска малцинството или Бугари во Устав. Имаат многу подлабоки корења нивните барања и подлабоки се проблемите и уште еднаш покажуваат дека нивната намера е сосема поинаква – изјави Мицкоски.

 

Како што рече, Владата сега нема никакви контакти со Бугарија, но дека „стоиме на располагање било кога и било каде, во која било организација да одиме и да разговараме и да ги претставивме нашите аргументи“.

 

Сè ќе прифатиме, нормално не внесување во Устав, сите забелешки ќе ги прифатиме, но јас не можам да се откажам од мојот мајчин македонски јазик – нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top