Македонија

Државните електрани, домаќински, уште сега купуваат струја за ноември и декември

За прв пат во историјата АД ЕСМ за потребите на потрошувачката на електрична енергија во земјата уште во јули ќе купува електрична енергија за ноември и декември. Објавен е повик за купување на големо количество на електрична енергија од 1 ноември до 31 декември.

Поранешен висок функционер во партијата со мрачни прогнози за СДСМ

Изборите ќе бидат тежок тест. Веројатноста е дека – СДСМ ќе изгуби над 80 отсто од општините што ги контролираше во 2021 година. Ќе се намали бројот на советници, ќе се изгубат сите урбани средини, а партијата ќе мора да се соочи со внатрешна дебата каква што немала уште од поразот во 2006 година

Живот на кредит – за што граѓаните најмногу се задолжуваат?!

НБРМ укажува дека и кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на домаќинствата пораснала за 1,2 отсто, додека пак на годишна за 10,3 проценти. Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани имаат за потрошувачките и станбените кредити.

Потпишан меморандум за реализација на стратешки проект вреден една милијарда евра

„Казанџи груп“ е светски гигант во енергетиката со преку 25 години искуство, оперира со инсталиран капацитет од над 3.500 MW во осум држави и е активна во 22 земји на четири континенти

Османи: Чаир има надеж за промена – ВЛЕН: Сѐ што нудеше беше дипломатија со селфи, ништо за Чаир

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово објави видео на социјалните мрежи во кое рече дека не може да ги скрие емоциите. „Добро утро Чаир, 6 часот е и ова е првиот ден кога се будам како официјален кандидат за градоначалник на општината и не можам […]

Алиу на средба со хонорарците во тетовската болница: По полагање тестот, ќе следува вработување на неопределено

Вработени во тетовската болница посочија дека прашањето за нивниот работен статус по првпат се зема сериозно и се третира со одговорност. Истакнаа дека ваквиот институционален чекор претставува не само признание за нивниот труд, туку и почеток кон обезбедување стабилност и работнички права. Вкупно 155 лекари, медицински сестри и друг персонал во Клиничката болница во Тетово, […]

Финансиско олеснување – за одредени категории на граѓани ќе се намалуваат фактурите за струја

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини донесе решенија за финансиска поддршка на домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток и решенија за стекнување финансиска поддршка на домаќинствa згрижувачи кои згрижуваат од едно лице до пет лица во своето семејство. Решенија се дел од мерките за директна финансиска поддршка на […]

Мицкоски за повикот на САД за царини кон Русија: Имаме стопроцентна усогласеност со ЗНБП на ЕУ, ќе го следиме тој процес

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес. -Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така […]

To top