Македонија

Мицкоски: Пустец е доказ дека коренот останува, дури и кога над него дуваат силни ветрови! Продолжуваме да ги поддржуваме Македонците насекаде во светот

„По седум години национално понижување и ограбување од политичари, кои сега сега се минато, Македонија доживува економска и национална преродба во овие 13-14 месеци. Ние не сме ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку сме горди Македонци со свој македонски идентитет, во Албанија и насекаде во светот, кои го говорат својот мајчин македонски јазик, различен од другите балкански јазици!“ – порака на Христијан Мицкоски, претседателот на Владата на Република Македонија од Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец, во Албанија.

Мирка Гинова (1916-27.7.1946) – симбол на македонскиот непокор и во Егејскиот дел на Македонија: Македонка сум и гордо умирам за поарниот живот на другите!

Мирка Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Народот ја опеал нејзината смрт, а повеќе македонски поети на Мирка ѝ посветија потресни стихови. Таа загина во одбрана на честа и за слободата на својот македонски народ. Достоинствено, храбро, рамо до рамо со своите соборци, ги исполни историските завети. Меѓу младоста и куршумот ја избра бесмртноста. За своите заслуги посмртно е прогласена како народен херој на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Најголем дел пожарите се намерно подметнати, а некој се радува

СДСМ е партија која наместо да се извини на граѓани што противпожарните единици ги остави без соодветна опрема за справување со пожарите, се радува на секој пожар кој ја зафатил државата

Коњаниците дадоа заклетва пред да тргнат за Крушево (ГАЛЕРИЈА)

Коњаниците на Скопскиот коњички марш, кој е организиран од Здружението на граѓани „Бигорски манастир – По патот на црешовото топче“, тргнаа кон Крушево, каде што треба да пристигнат на самиот празник, 2 Август – Илинден. Коњаницата на Здружението на граѓани „Бигорски манастир -По патото на црешовото топче“ заедно со радовската коњаница денес даваа заклетва и […]

Поскап влез во ЕУ од наесен- стартува новиот систем EES

Патувањето во Европската Унија од 2026 година ќе стане значително поскапо и построго контролирано. Наместо досега најавуваната такса од 7 евра за електронска дозвола за влез (ETIAS), Европската комисија објави дека цената ќе биде речиси тројно поголема – 20 евра по апликација. Оваа дозвола ќе важи три години и ќе биде задолжителна за сите државјани […]

Треба и Македонија да тргне на патот кон „Новата Европа на суверени нации“, која многу повеќе ги почитува националниот идентитет и суверенитет, одошто сегашнава ЕУ!

Државно-политичкото раководство и дипломатијата на Македонија можат и треба да ги зголемуваат сѐ повеќе своите натамошни активности во насока на развивање содржајни контакти со лидерите на „Вишеградската четворка“, односно со државните и национално-политички лидери на Полска, Чешка, Унгарија и Словачка, за да се успее колку е можно повеќе да се изамортизира притисокот на Бугарија и ЕУ за промената на македонскиот устав. Но и за да се фатат ритмот и чекорот во градењето на „Новата Европа на суверени нации“.

Грчева: Имам чувство дека Грета Тунберг е злоупотребувана во политички цели

Не знам какво е вашето мислење, но јас имам чувство дека девојчено Грета Тунберг е злоупотребувано во политички цели, пишува Солза Грчева во однос на посетата на младата Грета на посетата на земјава. „Прво, протестира селективно, што ќе рече едни жртви (неопсорни и страшни) се пожртви од други такви. Второ, ако настапува за т.н. “Зелена […]

To top