Колумни

Час поскоро да се извади „преспанскиот нож“ од срцето на македонскиот идентитет, заради прв чекор кон нетериторијалниот Македонски свет како духовно обединување на сите Македонци!

Потпирајќи се врз поставките на Крсте Мисирков од „За македонцките работи“, потребно е час поскоро да се возобнови македонската држава со своето вистинско име Република Македонија, како и илинденско-асномската социолингвистичка реалност, во чие средиште ќе продолжи да опстојува државотворниот македонски народ со својот македонски идентитет и македонски јазик. Ова е предусловот за создавањето на нетериторијалниот „Македонски свет“ како единствена јазична, духовна и културна татковина на сите Македонци од Балканот, Европа и светот.

Иљо Антески-Смок (25.7.1919-17.5.1943) сам си ја стави јамката на вратот во затворот во Тирана и со кренати тупаници замина во бесмртноста

„Другари, смрт на фашизмот – да живее револуцијата!“ – извика со силен и пробивен глас Иљо Антески-Смок ноќта меѓу меѓу 16 и 17 мај 1943 година во затворот во Тирана со кренати тупаници на двете раце пред очите на повеќе од 400 затвореници. Пред тоа самиот се качи на сандакот со бесилката, со своите раце […]

Невена Георгиева-Дуња (25.7.1925- 6.12.1942) бугарскиот фашистички окупатор мртва ја масакрирал и главата на кол ѝ ја носел низ Велешко, за да го заплаши востанатиот македонски народ

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена на Невена Георгиева – Дуња, македонска револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). На 16 години била најмлада во Првиот скопски  одред и прва жена во партизанските одреди на Македонија. Својата младост херојски ја положува во темелите на македонската држава, загинувајќи на […]

Заветот на Никола Вапцаров, стрелан од Бугарите на 23.7.1942: Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза! Ќе нѐ спаси само надежта!

Никола Вапцаров со жесток патриотски занес им отсече на оѕверените и занемени судии во бугарскиот фашистички суд во 1942 година во Софија: „Дејствував со полна свест дека ѝ служам како нејзин верен син на својата Татковина. Се борев за нејзината среќа, готов сум да умрам за неа!“

Османи од Албанија: Албанците имаат „уставен статус како државотворен народ во РСМ“! Со Рамковниот требаше да добијат автономија во одлучувањето!

Иако ќе се натпреварува како кандидат за градоначалник на Чаир, на локални избори, Бујар Османи целно одбра токму од Албанија да проговори за „албанската државотворност“ во Македонија, па дури и „потсети“ на „автономијата на Албанците во одлучувањето“ – поодамнешен стремеж на низа партии во албанскиот блок за федерализација на Македонија со албански кантон и „автономија на Албанците во него“!

Дода: Рама и Курти имаат сеалбански амбиции да влијаат, или да доминираат во албанскиот простор! – Со нивните партии се во трескавична трка за моќ во Македонија!

Анализа на косовскиот весник „Бота сот“ за мешањето на премиерот на Албанија Еди Рама со неговата Социјалистичка партија и на Албин Курти, сега вршител на должноста премиер на Косово, со неговата партија Ветвендосје (Самоопределување) на ланските претседателски и парламентарни избори во Македонија: колку Тирана и Приштина (не) им се потребни на Албанците во Македонија и зошто?

Митрополит повардарски Агатангел: Веднаш да се поништи Преспанскиот договор и да се оневозможи договорот со Бугарија! Само храбро македонски народе!

Обединета Европа стана Европски сојуз пред распаѓање, затоа ја повикувам Владата во овој контекст да ја приспособи и да ја спроведува својата политика, а сиот македонски народ да се обедини!

Следи „филмот“ „Македонскиот идентитет и јазик се свети, бе, мамето ваше!“ и репликата на Динев „Долу ‘македонски бугари’, да живее Македонската етноидеја!“

Пишува Свето Тоевски: Знаете што беа седницата на Европскиот парламент и гласањето за извештајот на Томас Вајц? Натпревар меѓу Бугарија и Македонија, во која Македонија не загуби, туку Бугарија и ЕУ, оти светот го виде на дело нивниот противмакедонски идентитетски фашизам! А што претставуваше резултатот 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ при гласањето […]

„Евроинтеграцијата“ и „Бугарскиот договор“ со „Преговарачката ј/рамка“ се во „клиничка смрт“ – Резолуцијата на ЕП е ништовна и во целосен судир со меѓународното право

Пишува Свето Тоевски: Со Резолуцијата на Европскиот парламент бугарските и грчките европратеници, потпомогнати од одделни нивни европски колеги, но и од „централата“ на ЕУ во Брисел, се обидоа да ги „избришат“ клупите и подот на Европскиот парламент со македонскиот идентитет и јазик, но тоа не им беше можно да го сторат. Можеа само да се обидат […]

Аманетот на Мисирков од 1903 до Македонците за жестока борба да го зачуваат македонскиот јазик и против „ бугарцките маневри“ „да се создаит Бугарцка Македониiа“!

Пишува Свето Тоевски:  „Опасноста, коiа угрожаат на нашиiот народ и негоите интереси от страна на пропагандите, коiи шчо употребуваат сите и дозволени и недозволени средства, за да исчистат од Македониiа нашиiот iазик и со него нашите дуовни интереси и да насадат на нивно место нивните iазици со нивни интереси, не само не задолжуат нас, но […]

„Европарламентарната гора“ ќе се „стресе“ и „декларациско глувче“ ќе се роди, без македонски идентитет и јазик – па што?!

Пишува Свето Тоевски: На 8 јули 2025 година на пленарна седница Европскиот парламент ќе расправа за предлог-извештајот на Австриецот Томас Вајц за евроинтеграцијата на Македонија. Бугарија и Грција успеаја „санитетски“ да го „прочистат“ овој документ од македонскиот идентитет и јазик, за да не ги фати отпосле „македонска идентитетска треска“, или за да не се соочат […]

To top