Колумни

„Бугари како конститутивен народ во уставот“ е вовед во редефинирање на македонскиот идентитет, историја и јазик и за распад на Македонија

Бугарите во македонскиот устав како „конститутивен народ“ најмалку има врска со нивните малцински права

Пишува: Свето Тоевски

Да фрлиме поглед кон целината на бугарските барања кон Македонија, оти „Бугари во устав“ е само едно од нив. Сосема јасно во врска со суштината на бугарските барања пишува статијата со укажувачкиот наслов „Бугарија бара од ЕУ да го сопре ‘лажниот‘ македонски идентитет“, објавена на 23.9.2020 година на порталот на „Дојче веле“. Во неа се истакнува дека Бугарија во „Објаснувачкиот меморандум за С. Македонија и проширувањето на ЕУ“, испратен до 26-те членки на ЕУ, наведува: „Луѓето со словенско потекло, што живеат во С. Македонија, се Бугари, кои зборуваат бугарски јазик. Ним за време на комунистичкиот режим на Тито во Југославија вештачки им бил даден нов ‘македонски’ идентитет и јазик. Проширувањето на ЕУ не смее да го легитимизира овој етнички и јазичен инженеринг“.

Д-р Томас Бреј: Бугарија бара Македонија да ја толкува поинаку својата историја, на начин прифатлив за Бугарија!

 Во аналитичката статија со наслов „С. Македонија: Колку долго пред да може да влезе во ЕУ?“, објавена на порталот на „Дојче веле“, д-р Томас Бреј, доцент на Катедрата за политички науки и новинарство на Универзитетот „Дуисбург“, во Германија, наведува дека Бугарија бара Македонија „да ја толкува поинаку својата историја, на начин прифатлив за Бугарија“ и „три илјади припадници на бугарското малцинство во С. Македонија да се споменат како еден од ‘конститутивните народи’ во македонскиот устав“. Бреј посочува и дека официјална Софија бара од Македонија „да прифати оти македонскиот јазик не е посебен јазик, туку западнобугарски дијалект“ и дека „не постои македонско малцинство во Бугарија“.

Сегашниот македонски вицепремиер Александар Николовски уште во 2022 година изнесе став, свој и официјален на ВМРО-ДПМНЕ, која е денес на кормилото на македонската држава. – Со бугарските ставови и барања се загрозуваат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Ако Македонија прифаќа бугаризација, ќе напредува кон ЕУ, но ако не прифаќа, што е став на огромното мнозинство од македонскиот народ, нема да напредува кон ЕУ – кажа тогаш Николовски.

„Триилјадно бугарско малцинство како конститутивен народ“ – уставен апсурд!

Уште во октомври 2021 година,Зоран Заев како тогашен премиер и Бујар Османи како тогашен министер за надворешни работи на Македонија, во нејзино име прифатиле Бугарите да бидат наведени во највисокиот правно-политички акт на македонската држава, и тоа не како малцинство, туку како нејзин „конститутивен народ“! Во информацијата со наслов „Заев изјави дека прифаќа најголем дел од бугарските барања“, објавена на 7.10.2021 година, македонскиот информативен портал „Република“ објави: „Бугарија издаде долга листа на строги барања насочени кон Македонија и Заев денеска брзо се согласи на едно од нив – македонскиот устав да се измени и Бугарите да се вбројат меѓу другите конститутивни народи на Македонија“.

Германскиот политички и медиумски експерт Томас Бреј посочи не случајно на формулацијата на тоа барање: „Три илјади припадници на бугарското малцинство во С. Македонија да се споменат како еден од ‘конститутивните народи’ во македонскиот устав“.  Инаку, уставен и политички апсурд е да се бара три илјади припадници на малцинска група во Македонија, бугарската, да се споменуваат како „конститутивен народ“ во Уставот! Бугарија и нејзиното барање да се внесат трите илјади Бугари како „конститутивен народ“ во Уставот на друга држава, на Македонија, наспроти тоа што во Македонија има само еден вистински конститутивен, државотворен народ – македонскиот народ, што се потврдува и со решенијата на АСНОМ од 1944 година, споредбено го поврзуваме со Шпанија, развиена западна држава со мултиетничко општество, исто така. 

Во научната студија со наслов „Демократско граѓанство и шпански мултинационален (не)поредок-растројство: процедурална демократија наспроти клаузула за отцепување“ од 2013 година, Хозе А. Санз Морено, професор по уставно право од Универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид, изнесува серија аргументирани предупредувања што значи постоењето „конститутивен народ“ во Уставот на една земја. Тој нагласува дека, ако едно национално малцинство добие статус како конститутивен народ во одредена држава, ќе има право на територијална автономија и на самоопределување до отцепување од неа, како и право на создавање своја нова држава. – Затоа во Шпанија националните малцинства не можат да претставуваат конститутивни народи – заклучува професорот Морено во својата студија.

 Внесувањето на Бугарите во македонскиот устав како „конститутивен народ“ најмалку има врска со нивните малцински права. Тоа е отворање „мала врата“ за еден можен натамошен развој на ситуацијата во Македонија. – Малцинствата не би требало да бидат признавани како конститутивен народ, бидејќи ќе добијат право на сецесија, на отцепување – предупредува во научната студија со наслов „Меки граници: Преиспитување на суверенитетот и демократијата“ на Џулија Мостов, професорка по политички науки од Универзитетот „Њујорк“, во САД.

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

Ова се опасни времиња – да ги збиеме редовите

Противник сум на параноја и гледање опасност од сите страни, ама во исто време сигурен сум дека не смееме да се однесуваме индиферентно и да се залажуваме со илузии дека сме премногу мали и неважни па со самото тоа и безбедни во вртлогот на промените кои се случуваат на светската сцена

Војдан Чернодрински: Никогаш да не се заборави македонскиот јазик на нашите прадедовци и на кој ќе зборуваат и сите идни поколенија во Македонија!

Македонскиот драматург Војдан Чернодрински среде Софија пред 125 години ја изведе „Македонска крвава свадба“, својата прва драма на македонски јазик, за кој денес таа иста Софија вели дека „не постои“, или дека „е достапен јазик“, или го прикажува со брутални фалсификати како да е „дијалект на бугарскиот јазик“! Премиерно изведена во главниот град на Бугарија во 1900 година, „Македонска крвава свадба“ стана симбол на македонската борба за национална афирмација и културна самобитност на македонскиот народ, но и трајно сведоштво за постоењето и творечките дострели на македонскиот јазик. Војдан Георгиев Чернодрински е првиот македонски драмски автор, во чии дела прозвучува македонскиот јазик. Неговата заложба за почитување на македонскиот јазик ја практикувал и во неговата театарска група.  Сите негови драмски дела обработуваат теми и проблеми од секојдневниот живот на Македонците и борбата за слобода. Со своите патриотски ставови за македонскиот јазик и идентитет здобил големи симпатии кај македонскиот народ. Денес се навршуваат 75 години од смртта на Војдан Поп Георгиев Чернодрински, кој се вложи себеси и своето творештво во служба на македонската кауза, на македонскиот јазик и идентитет.  

Митрополитот Теодосиј Гологанов, деец за автокефалноста на МПЦ-ОА и борец против бугарско-грчките напади врз црковниот и национален идентитет на македонскиот народ

Денес, кога го прославуваме големиот православен христијански празник Божиќ – Рождеството Христово во манастирите и црквите на Македонската православна црква како наследничка на древните Охридска архиепископија и Јустинијана Прима, ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон црковно-националните дејци, кои се вложија себеси и својата дејност за возобновувањето на автокефалноста на денешната Македонска православна црква – Охридска црква и на црковно-народните традиции на македонскиот народ. Еден од тие дејци е и митрополитот Скопски Теодосиј Гологанов, роден со световното име Васил Гологанов, токму на Божиќ, на 7 јануари 1846 година во селото Трлис во Серско, во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција. Наша дури и своевидна национална должност е да го чуваме Гологанов засекогаш во своето колективно национално паметење како народ, да ги чуваме личноста и дејноста на овој духовник, македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и за создавање самостојна македонска национална држава. Ова дотолку повеќе што дури и во „слободната светска енциклопедија“ Википедија на англиски јазик за него се напишани дрски и примитивни фалсификати дека, наводно, бил „бугарска религиозна фигура“ и оти „учествувал во борбата за автономна Бугарска црква“!

Хрон ја објави „Народноста на македонските Словени“ 135 години пред Тито „да ги створи македонскиот јазик и народ“, што е бугарски фалсификат!

Австрискиот лингвист и македонист од чешко потекло Карл Хрон ја објави својата научна студија со наслов „Народноста на македонските Словени“ („Dаѕ Volksthum der Slaven Makedoniens“) во 1890 година во Виена, во тогашното Астроунгарско царство, цели 135 години пред „Тито да ги измисли Македонците како народ“ и пред „да им го создаде со наредба новоизмислениот македонски јазик“, како што тврди официјална Софија во своите фалсификати, депонирани и во ЕУ. Карл Хрон во својата студија со несоборлива научна објективност ќе ги образложи и ќе ги докаже самобитноста  и развојот на македонскиот народ и македонскиот јазик. Студијата на Карл Хрон „Народноста на македонските Словени“е своевиден пишан споменик за етничката и јазична засебност на македонскиот народ и таа допрва ќе задобива уште поголема важност за него во борбата за конечно и вистинско решавање на македонското национално и јазично прашање.

Оставнината на Марко Цепенков „втора македонска Библија“ и автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик, за животот на нашите предци

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829, Ореовец, Прилепско – 29 декември 1920, Софија) е најголем и најзначаен собирач на македонски народни умотворби, кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја, за правото и за моралот на Македонците. Денес се навршуваат 105 години од неговата смрт. Неговото дело е издадено во 10 томови и е повеќепати преобјавувано во Македонија. На научниот собир по повод 190-те години од раѓањето и 100-те години од смртта на Цепенков, кој го организираа Македонската академија на науки и уметности и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ на 4.11.2020 година, проф.д-р Ермис Лафазановски, тогаш како директор на Институтот за фолклор, истакна: „Во денешната меѓународна политичка ситуација, во која се наоѓаме, собраните материјали на Марко Цепенков сведочат за нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Неговата оставнина ние, Македонците, денес може да ја наречеме наша втора Библија. Како поинаку да се нарече неговото импозантно собирачко дело, во кое сме запишани сите ние, заедно со нашите предци и нашите идни поколенија? Во кое е запишано создавањето на нашиот свет и луѓето во него, нашите соништа.“

Ајде да им простиме на најдобрите меѓу нас – Пишува Драган Милосављевиќ

Мислам на писатели, актери, режисери, музичари, сликари, спортисти, научници чијшто успех не само дома туку и надвор е општо познат и признаен, но нивната репутација во ова општество е сериозно упропастена поради овие или оние причини

To top