Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

 

ДЗР денеска на својата веб страница објави  извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Министерството за односи меѓу заедниците на сметката на основниот буџет (637) за 2024 година и ревизија на усогласеност на тема „Јавни набавки во Министерство за односи меѓу заедниците (претходно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) во 2023 година.

Како што соопшти ДЗР, со извршената ревизија, утврдени се состојби кои укажуваат на слабости при начинот на евидентирање и користењето на средствата со кои располага Министерството за односи меѓу заедниците.

„ Ревизорите утврдија нецелосно спроведен попис на средствата и обврските со состојба на 31.12.2024 година, при што 28 проценти од вкупните основни средства со сегашна вредност од 1.565 илјади денари, односно 25.360 евра, не се пронајдени при вршењето на годишниот попис на основни средства, а како резултат на невоспоставена пракса на издавање реверси за задолжување на вработените со опремата која им е доделена на користење, исто така 30 преносни компјутери не се пронајдени со пописот. За седум моторни возила не е воспоставена сметководствена и материјална евиденција, додека, пак, за побарувањата од вработените во износ од 2.102 илјади денари односно 34.000 евра кои потекнуваат од минати години (2012-2020 година), Министерството не располага со документација за неподмирениот износ, односно кое лице должи и во кој износ, се вели во соопштението од ДЗР.

Оттаму укажуваат дека за дел од наведените состојби, по промена на раководството, во текот на 2024 година преземени се активности за нивно надминување, а за дел постапуваат и други надлежни органи.

Утврдени се и состојби со извршена ревизија на документацијата за реализација на Програмата за финансирање на активностите на здруженијата и фондациите за 2023 година, по која на 33 здруженија и фондации исплатени се средства во износ од 19.800.000 денари, односно 320.900 евра. Ревизорите наведуваат дека Програмата е донесена со задоцнување во октомври 2023 година, кога е објавен и јавниот повик за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите, а не во рок од 30 дена по донесување на Буџетот како што е уредено со Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондации. Во  одделението за соработка со здруженија и фондации во 2024 година во периодот на реализација на програмата, од девет предвидени работни места, не било пополнето ниту едно. Исто така, Комисијата за распределба на финансиски средства за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од буџетот на Министерството составена од 18 членови од повеќе државни институции, не обезбедила документација за извршеното бодирање на апликациите од страна на секој член на комисијата за 138 поднесени апликации опфатени со Предлог ранг листата. Здруженијата и фондациите кои се стекнале со правото на користење средства од Министерството, дел од документацијата ја доставиле на албански јазик, без превод на македонски јазик, што не е во согласност со одредбите на Законот за употреба на македонскиот јазик.

– Согласно Извештајот за користење на распределените средства и за постигнатите резултати од поддржаните активности на здруженијата и фондациите за 2023 година, од вкупно 33 здруженија и фондации, 17 односно 51 процент од нив треба да извршат поврат на средствата во Буџетот на државата во износ од 1.225 илјади денари, односно 19.850 евра, од причина што не доставиле докази за трошење на средствата. До денот на ревизијата 14 здруженија вратиле средства во износ од 361 илјада денари, со две здруженија се води постапка за медијација за враќање на средствата во износ 264 илјади денари, додека за едно здружение е поведена судска постапка за поврат на средства во износ од 600 илјади денари. За исплата на плати и надоместоци за 244 вработени во Министерството, исплатени се 165.010 илјади денари, од кои за 150 вработени по Потпрограмата К5 – Соодветна и правична застапеност на заедниците и како преведувачи или за 61 процент од вработените, исплата на плата се врши без да се обезбеди доказ за присутност на работа и за полно работно време, и покрај воспоставената електронска евиденција на работното време за вработените, се вели во соопштението од ДЗР.

Со Законот за преземање на административни службеници вработени преку Потпрограма К5 во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, наведува ДЗР, предвидено е Министерството по преземање на вработените, да донесе измена на актот за систематизација на работните места со цел усогласување со потребите на Министерството. Актите за внатрешна организација и систематизација на Министерството, во период од нивно донесување во 2019 година па се до 2025 година изменети се шест пати, со добиени согласности. Заклучно со 31.12.2024 година од предвидените 2 556 работни места пополнети се 244 работни места односно пополнетост од 10 проценти поради неизвршени усогласувања со одредбите од законот што влијае на реалното согледување на потребните капацитети на Министерството.

Како што наведува ДЗР, во текот на 2025 година започната е изработка на функционална анализа како основа за подготовка и донесување нови акти за внатрешна организација и за систематизација на работни места во Министерството, која до денот на ревизијата не е изработена.

Во однос на реализација на договорите за јавни набавки ревизорите констатирале дека во известувачкиот период на име трошоци за нафтени деривати исплатени се средства во износ од 516 илјади денари, како што соопштуваат, без да се врши контрола на регистарските таблици и видот на набавеното гориво поради што овозможено е моторни возила кои не се во сопственост на Министерството или возила за кои нема податок за регистарски броеви да полнат гориво, односно да набавуваат течен нафтен гас кој не е предвиден како вид на гориво во склучениот договор за набавка.

„При спроведување на две постапки ревизорите утврдиле дека за понудената цена, за сервисирање на возила од 0,01 денар за 1 работен час и за провизија од 0,01 проценти од износот на угостителската услуга, комисиите не побарале објаснување за понудената невообичаено ниска цена. Притоа, во дел од фактурите за сервисирање на возилата за 2024 година вршена е замена на делови кои не се предвидени со листата во тендерската документација, за дел од ставките фактурирани се цени кои се неколку пати повисоки од прифатената понуда, а за извршените услуги не се доставени работни налози како прилог на фактурите. Исто така, при изборот на најповолен економски оператор за набавка на услуги од авторска агенција, иако како критериум е поседување лиценца А, Б, В или Г за вршење привремени вработувања, комисијата за јавни набавки не побарала да се достават бараните лиценци како доказ за исполнување на условите за учество во постапката за ЈН. Вредноста на склучениот договор е 11.800.000 денари,“ соопшти ДЗР.

Најнови вести од: Македонија

Сали: Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во 2007, оти беше без одлука на владата, a протестите на ДУИ се политички мотивирани!

Протестите на ДУИ се политички мотивирани, а Уставниот суд ја укина одлуката за имињата на улиците во Тетово зашто била донесена без да се испочитуваат законот и процедурите, изјави денеска Беким Сали од коалицијата Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања. Сали појасни дека новата постапка во Тетово веќе е започната, но овој пат ќе се води строго според законските прописи.

Димитриевски: СДСМ е друштво во ликвидација и стечај, ликвидатор му е Филипче, а го координираат од Струмица!

Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека СДСМ, наместо секојдневно да пласира политички лаги и измислени конструкции, треба конечно да се соочи со сопствените политики, поради кои ја изгуби довербата на граѓаните. Тој оценува дека денешното раководство ја доведе партијата до состојба на политички стечај.

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и другарите повторуват лаги како папагали – пензиите не се загрозени, буџетот не е празен!

Венко Филипче и неговите другари лагите ги повторуваат како папагали. Од нивното однесување и нивните кажувања кои се сведуваат на сеење страв се гледа само едно дека немаат идеја за ништо и само повторуваат лаги.Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите и нивните месечни примања, ниту се загрозени вработените и нивните примања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Анри Барбис: Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци!

„Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја неспорна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ.“  – напишал Анри Барбис на во својата статија со наслов „Поробен народ“ („Un peuple asservie“), која е објавена на 28 јуни 1930 година во публикацијата „Монд“ број 108. Барбис е блескав француски писател, добитник на највисоки француски државни награди за вредностите на својата литература. Во „Поробен народ“ овој француски писател употребува директно за Македонците оригинални француски формулации „une nation“, „langue distincte“ и „originalité ethnique“, кои во францускиот политички и интелектуален речник од тоа време имале многу силно значење и означувале: посебен народ, посебен идентитет и различен, посебен јазик. Формулациите на Барбис „свој посебен јазик“ и „неоспорна етничка оригиналност“ се јасно признавање на постоењето на македонскиот народ и на македонскиот јазик среде интелектуална Франција и интелектуална Европа. Уште пред сто години, Барбис зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација.

Муцунски: Нема „северномакедонски народ, идентитет и јазик“, туку само македонски народ, јазик и идентитет, секое нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-расправата „ ЕУ и Западниот Балкан: заедничко решавање на недовршените работи“ во рамки на Дубровник- форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка, ако претставуваат мост кон полноправното членство. „Ако новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка, која ќе создаде трајна чекалница без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Лефков: Филипче е слуга на Бугарија и не го засегаат нејзините напади врз Македонија, идентитетот, јазикот и историјата!

„Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС, кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија!“ – нагласи на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорче Петров, жестокиот борец против врховизмот и великобугарските посегања кон Македонија, „земјата врз која се излеал сиот божји благослов“

Денеска се одбележуваат 105 години од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се борел за самостојна македонска ослободителна борба и остро се спротивставувал на бугарските врховистички обиди и мешања во внатрешните работи на Организацијата. Ѓорче Петров бил еден од авторите на Уставот на ТМОРО, чија цел била создавање самостојна македонско-одринска област. Тој бил жесток противник на бугарскиот Врховен комитет (врховистите), кој се обидувал да ја стави македонската револуционерна борба под контрола на официјална Софија. Во своето капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, тој ги отфрлил стремежите на соседните држави. За бугарските и српските пропагандни тврдења дека македонското население е бугарско, односно српско, тој јавно истакнал дека „тие докажувања не вредат ни луле тутун“. Во 1920-тите години дошол во сериозен политички судир со Тодор Александров. Ѓорче Петров бил убиен на 28 јуни 1921 година среде Софија, по налог на Тодор Александров, а атентатот го извршил Турчинот Реџеп.

Најнови вести

To top