Колумни

Народниот херој Михајло Апостолски, генералот, кој се бореше со оружје и наука против бугарскиот окупатор и великобугарскиот шовинизам кон Македонија

„Срцевината на бугарската политика се барањето Македонија да се присоедини со Бугарија и непризнавањето на македонската нација. Таа теорија со таканаречени ‘научни методи’ денес ја разработуваат бугарските историчари. Тие се обидуваат да докажат дека Македонија е Бугарија, односно дека Македонците се Бугари. Тоа е смешно. Тоа не е историја! Како може некому му да се промени нацијата со политикантски декрет? Националното чувство не може да се промени.“ – нагласи генералот Михајло Апостолски во интервју дадено за белградскиот часопис „Дуга“ број 261 од 25 февруари 1984 година. Тоа е народниот херој, човекот што командуваше во Втората светска војна со Главниот штаб на народноослободителната војска на Македонија и првиот претседател на Македонската академија на науки и уметности. Изворните сведоштва и забелешки на Апостолски за бугарската окупација и историските манипулации на Бугарија, оставени во неговите дела, интервјуа и историски документи, се од првокласно значење за политичката и и севкупна национална историја на македонскиот народ. Денес, на 7 август 2026 година се навршуваат 39 години од неговата смрт и ова е пригода за повторно сеќавање за животот и делото на Михајло Апостолски, една од клучните личности на генерацијата, која со оружје ја извојува слободата и ја втемели државноста на македонскиот народ, а со перо и наука ја ширеше и ја бранеше македонската национална и јазична самобитност ширум Европа и светот.

Пишува: Свето Тоевски

Во споменатото интервју за белградска „Дуга“ Апостолски ќе додаде: „Во времето на Информбирото бугарското раководство лансираше теорија дека Македонија треба да се присоедини кон Пиринска Македонија! Тоа е правна бесмислица без преседан. Пиринска Македонија не е ниту автономна област, а Македонија е конституирана како држава на македонскиот народ. Постепено оваа линија преминува во целосна агресија. Од една страна, бугарското раководство изразува агресивни намери, без оглед кога и како мисли да ги оствари. Од друга страна се повикува на соработка, за мир на Балканот. Но како може да се зборува за мир на Балканот кога се негираат народи, кои се конституирале и кои со векови воделе борба за сопствена национална еманципација?!“

Родната куќа на Михајло Апостолски

Михајло Апостолски (Ново Село, Штипско, 8 ноември 1906 – Дојран, 7 август 1987) е македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој. Уште како дете ги доживувал револуционерните вриежи настанати по Илинденското востание и премрежијата по Балканските војни и Првата светска војна. Искуствата, за кои главно слушал во своето семејство од дедото Апостол, оставале кај него силен впечаток и биле главната причина да ја засака историјата, а таа силно влијаела да се определи за воените науки. Историјата и воените науки ќе му бидат во текот на целиот живот основен мотив на неговото живеење и творештво.

Од предвоен потпоручник во Белград до генерал и командант на македонската народноослободителна војска во Втората светска војна

На 1 април 1927 година ја завршил Нижата школа на Воената академија во Белград и станал пешадиски потпоручник. На 7 ноември 1933 година ја завршил Вишата школа на Воената академија. На служба во Генералштабот на Дравската дивизиска област во Љубљана се задржал до почетокот на Априлската војна во 1941 година. Втората светска војна го затекнала во чинот генералштабен мајор на служба во Љубљана, на должноста началник на штаб на дивизија. Во септември 1941 година се поврзува со народноослободителното движење во Македонија, окупирана од бугарска фашистичка чизма. Од јуни 1942 година е назначен како командант на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. На Второто заседание на АВНОЈ бил избран за член на Претседателството на АВНОЈ.

Од февруари 1944 година покрај 33 македонски оперативни бригади, под команда на Апостолски се наоѓаат и бригади од Косово и од јужна Србија. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ и е избран во неговиот Президиум. 

Михајло Апостолски говори на Второто заседание на АСНОМ, Скопје, 30 декември 1944

Во февруари 1945 година бил назначен како началник на Генералштабoт на Југословенската армија. Меѓу 1946 и 1952 година бил командант на сараевската воена област и началник на високата воената академија на ЈНА. Се пензионирал со чин генералполковник. На 11 октомври 1953 година бил одликуван со орденот Народен херој.

„Бугарите со години ја играат империјалистичката игра за Санстефанска Бугарија, за присвојување на Македонија и нивна доминација на Балканот“

Во интервју во октомври 1982 година за тогашното престижно југословенско списание „Интервју“ од Белград, Апостолски се осврнува и на бугарската шовинистичка политика. На прашањето што мисли, како огорчен противник на бугарското фалсификување на македонската историја, во врска со претставувањето многу македонски револуционери како Бугари, Михајло Апостолски ќе одговори: „Бугарите веќе со години ја играат оваа историска претстава по империјалистички рецепт, само во различни сценски облици и со различни актери. Тие не може да се ослободат од фикс идеите за Санстефанска Бугарија, идеите за нивна доминација на Балканот. Не може да го оправдаме фактот дека доста долго сме молчеле. Некое време им се сугерираше и на историчарите да не пишуваат за бугарското фалсификување на историјата и присвојување на Македонија и Македонците. Но со молчење и попуштање нема да го решиме овој проблем со  бугарското раководство. Тоа ќе го направиме само ако се погледнеме право во очи и отворено разговараме. Во Втората светска војна бугарските агресори им нанесоа многу зла на Македонците. Мора да се објасни настанувањето на бугарските злосторства.“

Во ова интервју Апостолски потсетува на писмото, кое го упатил Георги Димитров на 28 септември 1944 год до централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунисти), во кое, меѓу другото, Димитров изнесува: „Еден од најважните корени на сите национални несреќи и катастрофи што го снашле бугарскиот народ во текот на последните децении лежат во великобугарскиот шовинизам, во великобугарската идеологија и политика на хегемонија на Балканот и владеење над соседните народи. Без безмилосно уништување на великобугарскиот шовинизам – таа рак-рана врз живото тело на нашата земја, не може да се создаде препородена нова Бугарија.’’

Михајло Апостолски и Методија Андонов-Ченто во штотуку ослободената Битола, ноември 1944

„Веднаш да ѝ наредите на војската да се сврти налево круг и назад да си одите, не ни требате!“

Германска и бугарска фашистичка војска во окупирана Македонија
Германска и бугарска фашистичка војска во окупирана Македонија

Во своите сеќавања и сведоштва сведоштвата за завршните операции за ослободување на Македонија и за обидите на поранешниот бугарски фашистички окупатор да се прикаже како победник, генералот Михајло Апостолски наведува дека на бугарските воени претставници енергично им порачал да се вратат назад, бидејќи не им се воопшто потребни на македонските партизани. Овој настан се случил во околината на реката Пчиња, каде што Апостолски го пресретнал командантот на бугарската Петта дивизија и му се обратил отсечно: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? […] Се влечете како мршојади по нас и јавувате по радио како ја ’ослободувате Македонија‘! Каде испукавте вие куршум за ослободување на Велес и Скопје?!  Веднаш да ѝ наредите на војската да се сврти на лево круг и да се вратите назад, нам не сте ни потребни!“

Михајло Апостолски како командант на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија

Револтиран од пропагандата на Радио Софија, кое лажно известувало дека бугарските војски ги ослободиле Велес и Штип (иако воопшто не учествувале во борбите, или биле со километри подалеку), Апостолски го изразил својот гнев и им издал директна наредба и забрана на Бугарите натаму да не се движат кон внатрешноста на Македонија. Нагласувајќи дека немаат никакви заслуги за ослободувањето на главниот град на Македонија, македонскиот воен командант Апостолски им кажал енергично на бугарските офицери: „Скопје е веќе ослободено!“ Ги спречил нивните намери бугарската војска по завршувањето на битките за ослободувањето на Скопје во него да одржи воена парада и да дефилира како „победници“.  

Михајло Апостолски како академик и претседател на Македонската академија на науки и уметности

По престанувањето на неговата активна воена служба Михајло Апостолски започнал засилено да се занимава со историја. Од 1965 до 1970 година бил директор на Институтот за национална историја. Во својата научна работа напишал повеќе дела. Ја објавил првата Историја на ослободителната војна на македонскиот народ 1941-1945, издадена во Скопје, во 1967 година. Од 1976 година до 1983 година бил претседател на МАНУ. Добитник е на наградата АВНОЈ во 1978 година – највисоката награда која ја доделувала СФРЈ, како и многу други награди и општествени признанија. Денес Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје и орденот „Михајло Апостолски“ го носат неговото име.

 

 

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top