Колумни

На собирот во Милано европските десничари ја нарекоа ЕК „Марсовци од ЕУ“ и порачаа: Ќе им ја суспендираме политиката на погрешен курс и приоритети!

„Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд се раководени од Марсовци и тие се злонамерна двојка, но ние ќе ги симнеме назад долу, на планетата Земја!“ – остро порача од собирот во Милано изминатата сабота Матео Салвини, лидерот на италијанската десничарско-суверенистичка партија Лига, кој е и вицепремиер и министер за инфраструктура во актуелната италијанска влада. На овој собир на европските суверенисти Салвини го кажа ова како негова реакција кон препораките за штедење на енергијата во семејствата во Европа, означувајќи ги функционерите од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд како „луѓе, кои не се во допир со европската реалност“.

Пишува: Свето Тоевски

Салвини ги посочи Соединетите Американски Држави како „пример за продолжување на трговијата со енергија со Москва“, истакнувајќи: „Ако го прават ова во Вашингтон, мора да го прават истото тоа и во Брисел.“ Во изјава пред овој собир, исмевајќи ги препораките на ЕУ граѓаните да „работат помалку, да патуваат помалку, да го исклучуваат греењето и помалку да се мијат како начин за штедење енергија“, Салвини јавно запраша: „Дали се оние во Брисел нормални?!“

 „Ако се ова решенија за високите трошоци за сметките за енергија и дизелот, кажете ми дали тие во Брисел се нормални?!“ – изјави Салвини за „Телеломбардија“ во врска со нацрт-планот на ЕУ за справување со енергетската криза ден пред собирот на европските суверенисти во Милан. „Единственото сериозно нешто, што можеше Брисел да го направи денес, е да каже: Ајде да ги суспендираме европските правила (за Пактот за стабилност и Зелениот договор).“ – додаде Салвини.

Всушност, во Милано Салвини ја изнесе агендата на италијанските и на другите европски десничари-суверенисти за суспендирање и на „политиката на погрешните приоритети“ на Европската унија, која, како што укажа, „издвојува премногу пари за вооружување, а недоволно за справување со скапата енергија. што ги погодува граѓаните и индустријата“.

„Движењето Патриоти за Европа ќе се залага за Европа, која ќе биде различна од оваа Европа, што ја води Урсула фон дер Лаен.“ – нагласи Матео Салвини, на манифестацијата на европскиот суверенизам, нималку случајно организирана и одржана во Милано под мотото „Без страв во Европа – господари во нашата куќа“.

Како што објави бриселскиот портал „Еуроњуз“ во својата репортажа со наслов „Европските патриоти се собраа во Милано против имиграцијата, додека Салвини ја поддржува руската нафта“, илјадници луѓе учествуваа во Милано во саботата на демонстрациите, кои беа дел од собирот „Господари во сопствениот дом“, организирани од Лигата и групата „Патриоти за Европа“. На адреса на, како што се изрази Матео Салвини, „Марсовците од ЕУ во Брисел“  од Милано изминатата сабота им беа упатени остри критики и пораки и од редица други европски политички и државни лидери, кои се дел од суверенистичкото движење „Патриоти за Европа’. Во врска со ова „Еуроњуз“ нагласува дека „Патриотите за Европа се собраа околу Салвини“.

Многу европски лидери кои припаѓаат на Патриотите за Европа се качија на сцената. Меѓународната делегација ја комплетираа Џордан Бардела, лидер на француската партија „Национално собирање на Франција“, Сантијаго Абаскал, лидер на шпанската партија Вокс и Австриецот Удо Ландбауер од Слободарската партија на Австрија. Гледајќи напред на претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат во 2027 година, Бардела рече: „Победата за Националниот собир во Франција нема да биде само француска победа, туку победа за сите нации на Европа“. Лидерот на шпанската партија Вокс Абаскал, додаде: „Важно е ние, патриотите, да останеме обединети!“ – напиша „Еуроњуз“ во статијата за собирот во Милано.

(Колумната не одразува ставови на ниедна политичка партија од Република Македонија, ниту на редакцијата на порталот „Експрес“)

„Нова Македонија“

 

 

Најнови вести од: Колумни

„Непостојниот“ македонски јазик и идентитет во концепцијата на Антоан Меје за „новата Европа“ – 26 години пред АСНОМ и кодификацијата (2)

Од денешна перспектива, придонесот на Меје може да се оцени на неколку нивоа. На балканско ниво неговото дело претставува аргументиран научен отпор кон обидите македонските говори целосно да се подведат под српскиот, или бугарскиот јазичен концепт. На европско ниво неговото значење произлегува од фактот што оваа анализа ја објавува еден од најугледните европски лингвисти, во Париз, во дело посветено на јазичната карта на Европа. Македонија  и македонскиот јазик на тој начин стануваат предмет на разгледување во поширока европска научна дискусија за јазиците, нациите и државите.

Придонесот на Антоан Меје за светското признавање и афирмација на македонскиот јазик како белег на македонскиот идентитет уште пред 108 години!

„Дијалектите на Македонија се дел од јужнословенската група. Заправо тие не се ниту српски, ниту бугарски, особено ако се мисли на пишаниот бугарски јазик, кој се засновува врз дијалекти, доста оддалечени од македонските дијалекти.“ – нагласил Антоан Меје во својата знаменита научна студија „Јазиците во Нова Европа“, објавена во Париз во 1918 година. „Дијалекти на Македонија“ и „македонски дијалекти“ вели овој јазичар 26 години пред да биде македонскиот јазик „измислен од Тито и искован врз основа на бугарски корени“. Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на овој врвен европски и светски јазичар. Ова е соодветен повод за ново навраќање кон неговиот научен придонес кон одбраната и афирмацијата на македонската јазична и идентитетска самобитност на европскиот континент и во светски рамки.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

To top