Македонија

106 милиони евра за модернизација на Армијата, прием на 300 војници

Модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет

Наместо да вложува во модернизација на Армијата, СДС за седум години власт целосно ја уназади, а војниците ги понижи.

Со преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, се соочи со долгови и неисплатени надоместоци на вработените во Министерството за одбрана.

„Раководството на СДС во Министерството за одбрана, не беше способно да ги исплати финансиските побарувања и обврски кои произлегуваат од Колективниот договор, Законот за служба во Армијата, интерните Правилници и Прописи“, се вели во денешното соопштение од владејачката партија.

„Намерно, со години не ги исплаќале надоместоците и сето тоа резултирало сo огромен број тужби од страна на самите вработени.

Се работи за неисплатени дневници кон припадниците на Армијата со години наназад, ноќни часови работа, закупнини, хранарина, заостаната бонус плата за вработените кои имаат надминато повеќе од 150 часови прекувремена работа, јубилејни награди.

Со  многу работа, труд, посветеност и волја се обезбедија средства за да се исплатат законските и заслужено сработените парични надоместоци на вработените.

Се обезбедија финансиски средства во вкупен износ од 13,7 милиони евра за исплата на голем дел од овие заостанати обврски, вклучувајќи ги и оние кои веќе доспеаа како нови, како регресот за годишен одмор.

Ќе бидат наградени сите оние храбри војници 436 (320+116) на број, кои се бореа со пожарите кои ја зафатија нашата држава минатото лето.

Полека, но сигурно се воспоставија и почнаа да се градат темелите и во одбрана, се изнајдоа средства за исплата на побарувањата и почна процес на модернизација на Армијата.

Модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и за таа цел од буџетот на Одбрана се одвојуваат 32%, односно 106 милиони евра. Тоа е за 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година.

Се донесе Законот за вработените во Министерството за одбрана, со кој се заокружи една етапа во развојот и унапредување на статусот на вработените, се дефинираа процеси кои за првпат произведоа права и обврски, на начин кој претпоставува подобрена слика за мотивираноста на персоналот и угледот на институцијата“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Нови противпожарни возила за „Јасен“

Специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Јанева била “Катица за с’е”, велат од ВМРО- ДПМНЕ

СДС, Заев и Спасовски, преку шефицата контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени. Обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале овие предмети, додека Јанева имала улога на координатор, бидејќи немала експертиза во материјата

To top