Македонија

12 години затвор за Васил Јованов кој ја прегази Фросина

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во јануари годинава е осуден на 12 години затвор. Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На […]

Возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на „Партизанска“ во јануари годинава е осуден на 12 години затвор.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.

„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторно возило“, рече судијката Снежана Марковска.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата.

„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.

Васил Јованов има право на жалба, но не за изречената казна затвор туку само за висината на казната односно 12 години затвор.

Ваквата пресуда доаѓа откако Јованов на претходното рочиште призна вина по што пред судот беа изнесени само доказите кои се однесуваат на висината на казната.

Најнови вести од: Македонија

Samsung Galaxy Z Fold8 Ultra, Fold8 и Flip8: Уреди на преклоп, усовршени за секојдневниот начин на живот

Целосно новата Galaxy Z серија отвора ново поглавје во светот на преклопливите уреди со три различни искуства дизајнирани за ултра-продуктивност, импресивно откривање и самоизразување

Проблем со водата и во Валандово, препорачано е да не се пие: арсен има до 14, а максималната граница е 10!

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно со добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Мицкоски: До крајот на летото избор на локација за новиот клинички центар, во оптек и алтернативна блиска локација

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на летото да биде завршен изборот на локација за новиот клинички центар, по што ќе може да започне подготовката за реализација на капиталната здравствена инвестиција.

To top