Македонија

24 години од убивањето на тројца припадници на „Лавови” кај Требош

Слава им!

На денешен ден, 11 ноември 2001 година, тројца припадници на специјалната единица „Лавови“ ги положија своите животи во близина на тетовското село Требош, откако врз нив беше отворен оган од ракетни фрлачи и зољи.

Загинаа Драго Маневски, Бобан Трпков и Оливер Петрушевски — херои што ја бранеа татковината со чест и храброст.

Тројцата убиени со останатите припадници на безбедносните сили се упатија кон Џепчиште и требаше да извршат физичко обезбедување на гробницата за каде што постоеја сознанија дека се закопани шестмина од киднапираните и убиени Македонци. Заседата терористите ја поставиле од двете страни на патот, затскриени зад високите тополи засадени покрај патот. Конвојот на полициските сили бил нападнат со минофрлачи и зољи, а акцијата за извлекување на убиените и повредените траела до раните утрински часови.

Вечна слава и благодарност за нивната жртва.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

To top