Македонија

30 дена притвор за обид да поткупи судија

Во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупно 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелацискиот суд Скопје

Судот му определи притвор од 30 дена на поранешниот правобранител, Фехми Стафа, кој е фатен како примил мито од 50.000 евра.

Судот го прифатил предлогот на Обвинителството откако претходно вчера од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираа оти тој дека во периодот од октомври до 13 декември 2025 година осомничениот примил вкупно 50 000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел интервенција кај судија во Апелацискиот суд Скопје.

Намерата била, преку поткуп да се влијае врз извршување службено дејствие кое не смеело да биде преземено.

На 06.10.2025 година примил дел од побараниот износ и тоа 30.000 евра, што му ги предала сестрата на лицето во бегство.

На 13.12.2025 година директно побарал и примил уште 20.000 евра како дел од поткупот што го барал за да го даде на судијата. Непосредно по примањето на паричните средства осомничениот е лишен од слобода и кај него се пронајдени парите.

Стафа, инаку е адвокат на лицето кое е во бегство, и кое, како што објавија некои медиуми, е осомничено во случајот „Синџир“.

Стафа добил 50.000 евра за да посредува за укинување притвор на лице во бегство

Најнови вести од: Македонија

Алиу: Пациентите со ретки болести нема да чекаат ниту ден

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави значајна промена во постапката за обезбедување лекови за пациенти со ретки болести – за првпат во државата ќе се отвори тендерска постапка за три години, наместо годишно.

To top