Македонија

На продажба некогашните гиганти „Бристол“, „Јадран“, „Пивница“

„Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17.700.000 евра во денарска противвредност, зголемена за сите соодветни јавни давачки, односно даноци“, се вели во предлог-одлуката.

Некогашните гиганти кои беа огледало на градот, „Бристол“ и „Јадран“ (Арапска куќа) се најдоа на список за продажба за кој ќе одлучуваат акционерите на „Македонија турист“ на собранието закажано за 22 мај годинава, покажуваат материјалите објавени на Македонската берза. Покрај овие два хотели, на предлог-листата за продажба се и познатата „Пивница“ на плоштадот, спроти хотелот „Мериот“, и трикатница карши поранешен ЗОИЛ, исто така во центарот на Скопје.

  • „Македонија турист“ ги поседува и хотелите „Белви“, „Бест-вестерн“, „Хотел Карпош“ и „Холидеј ин“, кои, за разлика од овие што се продаваат, се активни и работат. Уникатната Арапска куќа е изградена меѓу 1936 и 1938 година, во стилот на арапско-маварска архитектура и таа меѓу шеесеттите и деведесеттите години на минатиот век функционираше како хотел под името „Јадран“. Објектот е под генерална заштита, а во тек е процедурата да стане и зграда споменик на културата.

Хотелот „Бристол“ не е под конкретна заштита, меѓутоа станува збор за објект стар еден век, кој повозрасните скопјани го паметат по големата летна тераса. Тој не работи од 2012 годинa.

На престојното Собрание на акционери на „Македонија турист“, освен оваа предлог одлука за продажба на недвижен имот во сопственост на друштвото, има и предлог одлука за купување недвижен имот во скопско Ново Лисиче.

  • „Станува збор за градежно земјиште со површина од 8.081 метри квадратни за кое согласно важечкиот Детален урбанистички план, има маркица за градба на деловен простор и станбен простор со вкупно бруто изградена површина од 34.987 метри квадратни“, се вели во предлог одлуката за кое Друштвото, објавена на Македонската берза.

„Купопродажната цена на недвижниот имот ќе биде извршена по пазарна цена за соодветен недвижен имот во вкупна вредност од 17.700.000 евра во денарска противвредност, зголемена за сите соодветни јавни давачки, односно даноци“, се вели во предлог-одлуката.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top