Македонија

ДУИ го губи здивот кај албанските гласачи

Предноста на ДУИ која водеше со повеќе проценти пред ВЛЕН се топи драматично

Од 10 до 27 јуни агенцијата Маркет вижн, по нарачка на МКД.мк, спровела истражување на јавното мислење во Македонија кое покажа дека нема промени во нивото на доверба во владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер.

Интересен е и податокот дека лидерите на новата политичка партија Влен се во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

Според анкетата сега ДУИ води пред ВЛЕН само за 9,6 проценти од сите испитаници а кај определените таа разлика е 1,4 проценти.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top