Македонија

Фон дер Лајен во петок во Скопје

Најавени средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски на кои ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Како што соопшти нејзиниот кабинет, Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски на кои ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

Се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во пресрет на посетата на Фон дер Лајен изјави дека Македонија сака да се најде решение со Бугарија што ќе обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција.

Муцунски вели дека постои желба од страна на европските институции и од некои земји членки на ЕУ да помогнат да се засили меѓусебниот ангажман, да се отвори простор за дискусија, но нагласи дека нашите позиции се апсолутно јасни – во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој Бугарија се позиционира.

Муцунски: Во овој момент нема услови за уставни измени (ВИДЕО)

Турнејата низ Западен Балкан претседателката на ЕК ќе ја почне на 30 септември со Албанија по што ќе ги посети Косово и Црна Гора.

Овој пат Србија и Босна и Херцеговина нема да бидат дел од нејзината агенда бидејќи се подготвуваат за избори.

Србија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 25 октомври, а во Босна и Херцеговина се закажани општи избори на 4 октомври, пренесува МИА.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top