Македонија

АА ја напушта владата за да покажела колку малку била корумпирана

„Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку сме малку корумпирани, а можеби и незамисливо за некои партии на власт“, објави претпладнево Алијанса за Албанците на Арбен Таравари. „Алијансата за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. За очекување е во овие тешки денови на […]

„Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку сме малку корумпирани, а можеби и незамисливо за некои партии на власт“, објави претпладнево Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.

„Алијансата за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. За очекување е во овие тешки денови на оваа влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид. Не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки“ се вели во соопштението од АА.

Од партијата оценуваат дека Алијанса за Албанците е во своите најдобри денови и дека е фокусирана на, како што велат, работата кон октомвриската победа, алудирајќи на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top