Македонија

АА на Таравари: „Безбеден град“ ги крши јазичните права на Албанците во мултиетничка држава“ и одредува несразмерни казни!

Крилото на Арбен Таравари Алијанса за Албанците искажа критики за проектот „Безбеден град“ и неговата примена во рамки на Законот за прекршоци, оценувајќи дека тој „отвора сериозни правни, социјални и уставни загрижености“.

Од ова крило во АА посочуваат три „главни проблеми“.

Прво, како што велат, не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните, вклучително и при издавање известувања и казни поврзани со „Безбеден град“. Според нив, тоа претставува директно кршење на јазичните права на албанските граѓани во мултиетничка држава.

Второ, се бара „ревизија на висината на казните и дефинирање на толеранциј“, со цел, како што наведуваат, „да не бидат граѓаните неправедно оштетени“. „Безбедноста е важна, но не смее да се гради на сметка на егзистенцијата на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Трето, од Алијанса за Албанците посочуваат дека „селективната примена на ‘Безбеден град’ само во три градови е неправедна и дискриминаторска, иако целта на проектот е зголемување на јавната безбедност“.

Партијата бара „итно отворање јавна расправа“ и повикува надлежните институции да ги „уважат забелешките“, со цел, како што наведуваат, „секој ваков проект да биде во согласност со законот, со еднаквоста и со интересот на сите граѓани“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top