Македонија

Адеми: Али Ахмети ќе биде пак избран како претседател на ДУИ на конгресот на 20 декември!

Али Ахмети е „незаменлив“ во „државотворната партија ДУИ“, како што ја нарекува нејзиниот потпретседател Арбер Адеми!

„Али Ахмети ќе биде реизбран за претседател на ДУИ на партискиот конгрес што ќе се одржи на 20 декември.“ – истакна заменик-претседателот на ДУИ Арбер Адеми, додавајќи дека ќе има и избори за членови на генералниот совет. Ова го објави ТВ 21.

Телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Адеми во овој контекст: „Во ДУИ има многу луѓе, кои оставиле важни траги и во сите процеси, што ја карактеризираа нашата земја, и во ДУИ како одговорна, сериозна државотворна партија, која има неоспорен легитимитет на Албанците во земјата. Секако, од нас се очекува да имаме одговорни одлуки што се совпаѓаат со барањата на јавноста.“

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top