Македонија

Адеми: Али Ахмети не се повлекува од политиката

Потпретседателот на ДУИ ги демантира „информациите“дека лидерот ќе замине во политичка пензија

„Дезинформација е дека претседателот Ахмети по локалните избори ќе се повлече од политичката сцена“, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми

Адеми ги демантираше „информациите“дека лидерот на ДУИ ќе замине во политичка пензија.

„Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката“, изјави Адеми за Слободен печат.

Адеми вели дека повлекувањето на Али Ахмети воопшто не доаѓа предвид.

„Напротив, ние се чувствуваме како победничка партија на локалните избори. Освоивме 23.000 гласови повеќе од „Вреди“, го зголемивме и бројот на советници на 120. Со толку гласови на парламентарните избори би го зголемиле бројот на пратениците на 20, додека од „Вреди“ би освоиле само 15 – изјави Адеми за Вечер..

Тој додаде дена на денешната седница на партиското Претседателство ќе ја разгледуваат актуелната политичка состојба во земјава и ќе се даде оценка за првиот изборен круг“ .

Информативниот портал на албански јазик „Фол“објави дка лидрот на ДУИ, Али Ахмети, сериозно размислува да се повлече од политиката и дека е блиску до таквата одлука.

Според Ахмети на порталот тој, наводно, веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово.

Дали навистина Али Ахмети „сериозно размислува да се повлече од политиката по вториот круг на изборите“, или сѐ ќе стори да го одложи „политичкото пензионирање“?!

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top