Македонија

Дали навистина Али Ахмети „сериозно размислува да се повлече од политиката по вториот круг на изборите“, или сѐ ќе стори да го одложи „политичкото пензионирање“?!

Веќе денешната седница на Централното претседателство на ДУИ, која ја свика Ахмети, ќе покаже во која насока ќе се движат неговите натамошни потези, откако тој и ДУИ доживеаја тежок пораз во првиот круг на локалните избори: дали конечно ќе го прифати „решението“ за „заминување во политичка пензија“, кое му го „напишаа“ гласачите-Албанци во Македонија на 19 октомври, или ќе се обиде да остане барем уште некое време на политичката сцена?

„Претседателот на ДУИ Али Ахмети, сериозно размислува да се повлече од политиката и е блиску до таквата одлука.“ – објави вчера информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Ексклузивно: Али Ахмети се повлекува од политиката по вториот круг?!“

Натаму порталот пишува: Извори во ДУИ укажуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово. Се очекува оваа одлука да биде јавно објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на Националната алијанса за интеграција, кои се натпреваруваат во вториот круг.

Ахмети не даде никаква јавна изјава ниту во медиумите ниту на општествените мрежи по локалните избори на 19 октомври, на кои Националната алијанса за интеграција на ДУИи Ахмети победи само во Липково и во Пласница. – објави „Фол“.

Наспроти ваквите сознанија на „Фол“ стои веста на информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, блиска до ДУИ, која во текстот со индикативен наслов „ДУИ се мобилизира / Али Ахмети го свика централното претседателство“, објави: Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети свика состанок на централното претседателство на партијата, кој ќе се одржи денес, на 24 октомври 2025 година со почеток во 13 часот и 30 минути во седиштето на ДУИ во Тетово.

Овој портал дополнува во веста: Се очекува да се расправа за актуелни политички и организациски прашања, како и за најнови случувања партијата и надвор од неа.

Значи, веќе денес попладнето ќе се знае дали навистина Али Ахмети „сериозно размислува да се повлече од политиката по вториот круг на изборите“, или „ќе ја мобилизира ДУИ“ во обид да стори сѐ, со цел да го одложи своето „политичкото пензионирање“?! Деновиве Али Ахмети е изложен на жестоки критики од политичари-Албанци не само од редовите на коалицијата Вреди во Македонија, туку и од Балканот, како и од независни политички аналитичари од албанскиот етникум од Балканот.

 

Најнови вести од: Македонија

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

Австриски компании добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика, вели Божиновска

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

To top