Македонија

Активни три пожари, оние во Дрисла и Трубарево под контрола

Изминатото деноноќие, според ЦУК на територијата на земјата биле регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор

 

Сè уште се активни пожари – едниот е во Општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче, каде што гори нискостеблеста шума. Вториот пожар е во Општина Гевгелија, на планината Кожуф кај селото Петрово, каде огнот од приземен пожар се проширил и зафатил букова шума. Третиот активен пожар е во Општина Зелениково, во селото Вражале, каде што горат борови насади.

Од ЦУК велат дека пожарите во Општина Гази Баба, кај селото Трубарево во објект на фирма за третирање на електронски отпад и во Општина Студеничани, на депонијата „Дрисла“, се под контрола.

Во изминатите 24 часа, од ЦУК велат дека изгаснати се 20 пожари во различни општини низ државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top