Македонија

Албанци-студенти по право бараат да полагаат правосуден испит на албански јазик, во спротивно протести

Студентите, Албанци по право се разочарани од одговорот на Министерството за правда, кое не дозволува правосудскиот испит да се одржи и на албански јазик, туку само на македонски. Мевлан Адеми од студентската иницијатива најави дека можни протести, доколку одлуката не биде сменета.

„Разочарани сме од нејасниот правен одговор од Министерството за правда. Правосудсниот испит има за цел да го оцени правното знаење, а не јазичните познавања, како што истите го образложија тоа. Сѐ уште немаме одговор од дел од адресатите на нашата петиција, но во секој случај ги повикуваме институциите и пратениците да реагираат по ова прашање. Поранешниот министер за правда го депонираше предлог-законот што ја решава нашата проблематика, така што останува пратениците да постапат. Сепак, поминаа две генерации правници откако ја адресиравме оваа проблематика, па затоа сѐ уште нема решение. Ја задржуваме отворена можноста за ескалација на нашата иницијатива со протест“, вели Мевлан Адеми.

По одбивањето на барањето на студентите, од Министерството изјавија правосудсниот испит не може да спроведе на албански јазик, бидејќи служи како тест за активно познавање на македонскиот јазик, што според нив е законски услов за вршење на правните професии. Во однос на Законот за употреба на јазиците, од Министерството за правда наведуваат дека неговата примена не може да се разгледува изолирано, туку во корелација со другите релевантни прописи.

„Бидејќи согласно Законот за употреба на јазиците, македонскиот јазик и неговото кирилично писмо се службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и дека, покрај македонскиот јазик, службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението кое зборува друг јазик различен од македонскиот, условот за активно познавање на македонскиот јазик е неопходен при полагањето на правосудниот испит, што во суштина претставува услов за полагање на сите наведени испити кои се предуслов за избор на лице за судија, јавен обвинител, адвокат, нотар и извршител“ – велат од Министерството за правда.

Од Министерството за правда додаваат дека Законот за правосуден испит не предвидува полагање на испитот на друг јазик освен македонскиот, иако во законот не постои одредба што експлицитно го забранува тоа, додека Законот за употреба на јазиците ги обврзува институциите да овозможат употреба на албанскиот јазик во сите државни постапки.

Предлог-законот што би овозможил полагање на испитот и на албански јазик беше подготвен во 2024 година, но беше повлечен од дневен ред по промената на власта..Инаку, 385 студенти, Албанци по право преку петиција бараат испитот да се полага на јазикот на кој студираат, како право загарантирано со закон.

ТВ 21

Најнови вести од: Македонија

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

Скопје ќе биде модерен, чист, функционален и достоинствен град, рече градоначалникот

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот полека, но сигурно излегува од колапсот, хаосот и долговите создавани, како што рече, со години, со неодговорно владеење. Тој потенцираше дека тоа не е лесна задача, со тоа што му бил оставен Градот на работ од банкрот.

Мицкоски: Фокусирани сме на спроведување на реформската агенда и воведување ред во државата

Ќе имаме можност да почнеме еден циклус средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите што како Влада ги правиме, а се поврзани со реформската агенда, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за реформската агенда со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија.

ВМРО ДПМНЕ: Извештајот на ДЗР за СОЗР е во време на владата на СДС, Мирчевски и Филипче се потврдени криминалци!

„Пеце Мирчевски ексдиректор на СОЗР направил низа злоупотреби во СОЗР за време на владеењето на СДС. Тој е синоним за начинот на владеење на функционерите од СДС: криминал, аздисаност и личен профит. Секојдневно на површина излегуваат докази за криминалното владеење на СДС, Филипче и нивните партиски функционери.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

To top