Македонија

Али Ахмети го дочека Еди Рама во Скопје

Албанскиот премиер се пофали дека неговата земја никогаш не била поблиску до ЕУ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и премиерот на Република Албанија, Еди Рама се сретнаа во рамките на Конференцијата на Европската Унија што се одржува во Скопје.

Ахмети на својот официјален профил на Фејсбук ја опиша средбата како „братска“, посочувајќи дека разговарале за клучни теми поврзани со европската иднина на регионот.

„Во време кога Албанија е на неповратен пат кон членството во Европската Унија, повторивме дека и *Македонија треба да биде дел од овој пат. Европската иднина на регионот е заедничка – во овој процес нема поделба“, напиша Ахмети.Ахмети на својот официјален профил на Фејсбук.

Тој ја опиша средбата како „братска“

Ахмети вели дека дека со албанемиот Рама разговарале за:Сериозните закани за Охридскиот рамковен договор,

За состојбата со меѓуетничките односи воМакедонија,

За потребата од продлабочување на билатералната соработка меѓу Скопје и Тирана.

„Ова беше искрена средба, со политичка и братска длабочина, врз основа на еднаквост и европска перспектива. Му благодарам на премиерот Рама за континуираната поддршка на еднаквоста и европскиот пат на Северна Македонија“, додаде Ахмети.

Средбата доаѓа во време на зголемени регионални предизвици, особено во однос на евроинтеграциите и зачувувањето на стабилноста и мултиетничкиот карактер на Македонија.

Од своја страна Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека „неговата земја никогаш не била поблиску до ЕУ.

Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.

„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А, од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед. Многу сме блиску.

Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

https://expres.mk/wp-admin/post.php?post=3676&action=edit

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ако ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја отсликува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза.

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top