Македонија

Амбасада на САД во Скопје: На терористите не им требаат визи кога границите се широкo отворени

Никој не смее да умре затоа што не се преземени соодветни мерки

 

Нејасна објава на Фејсбук профилот на американската амбасада во Скопје која говори за терористи на кои не им се потребни визи кога лесно можат да ги менуваат границите.

 

Иако не е прецизирано според објавата најверојатно амбасадата сака да каже дека заострувањето на процедурите за издавање на американски визи се должи на потребата од поголеми проверки кои би можеле да спречат терористички напади.

 

,,На терористите не им требаат визи кога границите се широкo отворени. Ако сакаме да ги заштитиме нашите граѓани, мора да почнеме со зајакнување на законите, нивно ефикасно спроведување и меѓународна соработка. Никој не е безбеден без сигурни граници, и никој не треба да загине затоа што не сме постапиле навреме”, пишува во објавата на американската амбасада која е и на англиски и на албански јазик.

 

Фото: Принт скрин од ФБ профил на амбасадата на САД во Скопје

Најнови вести од: Македонија

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top